ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2024 - ТУНИС
CITY BREAKS - Португалија
Португалија

Опис на патувањето

За уплата до 10 Мај цената е 699 евра

Редовна цена на аранжманот е 779 евра

05. Јуни (Понеделник) СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ - ЛИСАБОН                    

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Загреб во 05:45 и пристигнување во 07:05 часот. Полетување во 08:00 и пристигнување во Лисабон во 10:15 часот. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Трансфер до хотелот и сместување. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Попладневна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Росио и Рестаурадорес. Ноќевање.

06. Јуни (Вторник) ЛИСАБОН - ПАРК НА НАЦИИТЕ                       

Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарницата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Разгледот продолжува во историскиот дел на Лисабон со прошетка по уличките со калдрма низ квартот Алфама и возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна глетка на централниот дел на Лисабон. Можност за посета на продавниците во еден од најголемите шопинг центри во Европа, Freeport Outlet Designer Mall. Ноќевање.

07. Јуни (Среда) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА         

Појадок. Препорачуваме факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Вечерта, можност за вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

08. Јуни (Четврток) ЛИСАБОН - ПОРТО    

Појадок. Организиран трансфер до Порто (околу 3 часа) и сместување во хотелот. Прошетка по улицата Света Катерина и можност за уживање со добро кафе во познатионт кафе бар Мажестик. Вечерна прошетка низ стариот дел на градот и покрај брегот на реката Доуро, каде што се наоѓаат многубројни ресторани. Ноќевање.

09. Јуни (Петок) ПОРТО

Појадок. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Доуро, каде се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува крај речниот брег, во квартот Вила Нова де Гаја. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Ноќевање.

10. Јуни (Сабота) ПОРТО - ЛИСАБОН - ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ                       

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Загреб во 17:00 часот. Пристигнување во Загреб во 21:20 и полетување за Скопје во 22:30. Слетување во Скопје во 23:55 часот.

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релацијата Скопје - Загреб - Лисабон - Загреб - Скопје
  • Багаж за чекирање до 23 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со вкупни димензии 115 см до 8 кг)
  • Трансфер од аеродромот до хотелот во Лисабон
  • Трансфер од хотелот во Лисабон до хотелот во Порто
  • Трансфер од хотелот во Порто до аеродромот во Лисабон
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Порто
  • Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
  • Разглед и прошетки во Порто според програмата
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Аеродромски такси 6.900 денари
  • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил)
  • Вечера со музиката Фадо
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување 300 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари