ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Автобуски Програми - Азурен брег 08.10-13.10
Азурен брег 08.10-13.10
Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
 

Термин 08 Октомври

1 ДЕН0 08.10.2019СКОПЈЕ - МИЛАНО: Состанок на група во 10 00ч.  Поаѓање во 10:30 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН09.10.2019МИЛАНО: Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа)за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнувањето, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки .  Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН10.10.2019 МИЛАНО – НИЦА : Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во пладневните часови, прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата...  Сместување во хотел.  Ноќевање.

04 ДЕН 11.10.201 НИЦА – АНТИБ  – КАН: Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината...   Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

05 ДЕН 12.10.2019 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ:  Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 13.10.2019 СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  31.08.2019 :   205€ / 12.71ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  219€ / 13.580 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  •  Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  •  Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница во хотел 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд, ( за лица до 60 год)
  • Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
  • Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)
  • Посета на Кан и Антиб (30€)
  • Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4,400 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.