Лорет Де Мар - Автобуска програма - Програма на патување

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар наКоста Брава –  ЛОРЕТ ДЕ МАР+++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

Пакет аранжман со АВТОБУС                            

Термини: 29 Maj / 5, 12, 19, 26 Јуни / 3, 10, 17, 24, 31

Јули  7, 14, 21, 28 Август / 4, 12 Септември

 

ПРОГРАМА:

1 ДЕН. СКОПЈЕ – МИЛАНО:_______________________________________________________________

Состанок на групата во 13.00ч. на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски.  Поаѓање во 13.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ДЕН. МИЛАНО:_________________________________________________________________________

Пристигнување околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

3 ДЕН. МИЛАНО – ЉОРЕТ ДЕ МАР:_______________________________________________

Појадок. Слободно предпладне. Предлагаме факултативна посета на “Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано,  со бурна историја и стари градби а денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата, од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala,  Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици, прошетка низ прочуениот Замок “Sforca”(метро). Патувањето продолжува кон Шпанија покрај  Генова, Вентимиља, Сан Ремо, Ница, Перпињан со попатни паузи. Ноќно возење.

4 ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР:_____________________________________________________________________

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Ноќевање.

4 – 11 ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР:_________________________________________________________________

Престој на база 7 ноќевања со појадок, 7 полу пансиони, 7 полни пансиони во одбрана категорија на хотел. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Барселона, забавниот парк Порт Авентура, музејот на Салвадор Дали со Емпуриа Брава, Фламенко, Витешки борби, Аквариум, Пакет дискотеки и др.

  1. ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР – НИЦА:____________________________________________________________

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден. Предлагаме факултативно – Барселона Меџик и Шопинг + следење на спектаклот на магичната фонтана – незаборавно! Поаѓање за Ница во 23.00 ч. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.  

  1. ДЕН НИЦА:_____________________________________________________________________________

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Предлагаме факултативно посета на Кан и Грас. Кан, познат со својата прочуена Кроасета, филмска палата, луксузните хотели, стариот град Sike со својата тврдина и Готска црква.Слободно време. Потоа ве водиме во центарот на светската парфемска индустрија, сместена во идиличното место Грас. Посета на најголемата и најпозната парфимерија FRAGONARD. Попладне сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта прошетка низ стариот дел на градот: плоштадите Масена, Солеја, атедралата, палатата на правдата. Ноќевање.

  1. ДЕН НИЦА – МОНАКО – СКОПЈЕ:________________________________________________________

Појадок. Напуштање на собите. НЕ ПРОПУШТАЈТЕ целодневен факултативен излет: МОНАКО: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички. Потоа шетаме покрај пристаништето на Монако, се движиме по патеката на Формула 1. Ја посетуваме Јапонската ботаничка градина, авенијата на луксузни автомобили. Слободно време за капење на плажата Ларвото. Потоа одиме во Монте Карло да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина. Слободно време за индивидуални прошетки и посети на Казина. Во приквечерните часови, поаѓање кон Скопје  

(за патниците кои не одат на излет, поаѓањето е во договорено време со водичот од железничката станица во Ница).

  1. ДЕН. СКОПЈЕ:__________________________________________________________________________

Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

АКОНТАЦИЈА: 30% од цената на аранжманот при склучување на договор.

 

Цената  според табелата вклучува:

  • Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео
  • 7 Н, 7НП, 7ПП или 7ПА во Лорет де Мар во одбрана категорија на хотел
  • 1НП на Азурен брег (Ница/Кан) хотел со 2*/3*
  • 1НП во Милано / околина, во хотел со2*/ 3*.
  • Наш претставник во Лорет Де Мар
  • Организација и туристички придружник на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса Ница 125 ден. (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса Милано 300 ден. (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса Лорет Де Мар од0,5€ - 1€ по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотел)
  • Факултативни излети
  • Девизен дел: 25€ се плаќаат на водичот за трошоци на аранжманот на шпанската локална  

агенција.

(Деца 2-12 год. плаќаат по 10€, а излетот Монако за деца 2-12 е ГРАТИС)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Милано (вклучен метро/транвајска карта) Кан, Монако
  • Барселона – разглед, Барселона – шопинг, магични фонтани, камп ноу, аквариум, музеј Дали, Фигерас и Емпуриабрава, фламенко, витешки борби, Порт а Вентура забавен парк, Коста брава тура, пакет дискотека
  • Влезниците за излетите се плаќаат на лице место и не се вклучени во

цената на излетот, освен каде што е наведено.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари