ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Corfu - Vila Magnolia
Vila Magnolia

ВИЛА МАГНОЛИЈА – Ипсос со 1/4 соби за 4 лица
СТУДИО МАГНОЛИЈА – Ипсос со 1/2 соби за 2 лица

Вилата Магнолија се наоѓа на 25 метри од плажата во Ипсос, додека студијата Магнолија се наоѓаат на 55 метри од плажата, сокриени од градскиот метеж, а сепак блиску до шеталиштето.

Вилата Магнолија располага со три објекти, од кои две се посебни куќи со можност за сместување на четири лица. Секој објект има две посебни спални, посебна кујна и трпезарија. И двете куќи имаат голем и убав двор исполнет со зеленило, како и приватен паркинг.

Студио Магнолија (Елени) располага со шест студија (двокреветни соби) и можност за трет дополнителен кревет. Секоја соба има кујна одвоена од делот за спиење, која е опремена со основен прибор, трпезариска маса, интернет.

ПОПУСТИ за Ultra Early booking со уплата на 30% до 15.01.2019
Понудата е по лице за 7ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 18€ по лице.

Вила Магнолија

Термини

Тип на соба

Редовна цена

АКЦИИ

08.06-15.06.2019

1/2 и 1/4 соба

129

79

15.06-22.06.2019

1/2 и 1/4 соба

139

89

22.06-29.06.2019

1/2 и 1/4 соба

149

99

29.06-06.07.2019

1/2 и 1/4 соба

169

129

06.07-13.07.2019

1/2 и 1/4 соба

179

149

13.07-20.07.2019

1/2 и 1/4 соба

199

159

20.07-27.07.2019

1/2 и 1/4 соба

209

169

27.07-03.08.2019

1/2 и 1/4 соба

219

169

03.08-10.08.2019

1/2 и 1/4 соба

219

169

10.08-17.08.2019

1/2 и 1/4 соба

219

169

17.08-24.08.2019

1/2 и 1/4 соба

219

169

24.08-31.08.2019

1/2 и 1/4 соба

189

149

31.08-07.09.2019

1/2 и 1/4 соба

149

109

07.09-14.09.2019

1/2 и 1/4 соба

139

99

14.09-21.09.2019

1/2 и 1/4 соба

99

59

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Акциите со попуст важат само со целосна уплата на аранжманот и траат до пополнување на местата. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

 

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите