Авионски Програми - Будимпешта 18.10-21.10
Будимпешта 18.10-21.10

БУДИМПЕШТА

18.10.2019 – 21.10.2019

 (4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

 ПРОГРАМА 

1 ден (18.10.2019 - Петок) | Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 12:30 часот. Полетување за Будимпешта во 14:30 часот. Слетување во Будимпешта во 15:55 часот. Организиран трасфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

2 ден (19.10.2019 - Сабота) | Будимпешта

Појадок. После појадокот следува пешачки разглед на градот. По разгледот, можност за факултативна посета на Парламентот, еден од трите најголеми парламенти во Европа или факултативна посета на ЗОО. Вечерта во 21:00 часот можност за факултативна посета на традиционален ресторан - чардаш, богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (20.10.2019 - Недела) | Будимпешта - Szechenyi thermal bath

Појадок. Веднаш по појадокот можност за факултативна посета на една од трите најпознати термални бањи во Будимпешта, Szechenyi thermal bath. Лоцирана е во близина на најпосетениот плоштад, плоштадот на Хероите, и веднаш до најголемиот Градски Парк. Градена во временскиот период помеѓу 1909 и 1913 година, во Нео - Барокен и Нео - Ренесансен стил, дизајн целосно креиран од страна на Győző Czigler. Оваа термална бања денес е една од најголемите туристички атракции во Будимпешта. Во неа може да доживеете и поминете едно реласкирачко утро, забавно попладне или пак симпатична и романтична ноќ. Величественоста на Szechenyi thermal bath зборува доволно за истата. Во нејзе ќе може да уживате во извонредните медицински природни термални води со температури од 74 °C и 77 °C распоредени во 18 базени, од кој секако централно најголема атракција се трите надворешни базени, со три различни температури (базен во кој би можеле да пливате со температура од 27 °C, ‘’авантуристички’’ плиток базен со масажни млазници и температура од 33 °C и базен кој содржи минерални води со температура од 38 °C), како и 10 сауни, парни бањи, понуда на различни видови масажи, третмани на лице, но и многу повеќе. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (21.10.2019 - Понеделник) | Будимпешта - Скопје

Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 13:25 часот. Пристигнување во Скопје во 14:50 часот.

 ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  - 179 € (11.098МКД) – ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА

Ограничен број на места! 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси  - 3.100 мкд;
  • Посета на Парламент (трансфер со јавен превоз, влезница и локален водич) - 28 €;
  • Вечера во ресторан - чарда - 35 €;
  • Влезници за ЗОО - 15 €
  • Посета на Szechenyi thermal bath (влезнца и трансфер со јавен превоз) - 35 €;
  • Тикети за јавен трансфер
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

НАПОМЕНА: Сите факултативни излети се реализираат со јавен превоз.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ