LAST MINUTE
ЛЕТО 2018 - ГРЦИЈА
Leptokarija - Vila Domes
Vila Domes

Apartments Domes e веќе познат објект за сместување во Лептокарија, кој се наоѓа во крајбрежниот појас на градот. Истиот се состои од два комфорни апартмани од А категорија, кои се карактеризираат со своите специфичности. Едниот апартман е сместен на кровната тераса од трикатната зграда, кој во својот состав брои три стандардни кревети и една софа како дополнителен лежај. Исто така располага со мини кујна, тоалет, ТВ и клима уред, како и огромна летна тераса со околу 100 м2 поплочен простор и целосен поглед кон морето, небото и градот. Во приемјето на истата зграда е вториот апартман кој располага со две спални соби, големо купатило и дневна соба со кујна, како и две убаво уредени тераси во предниот и задниот дел кон дворот. Секако е опремен и со ТВ, клима уред и останати потребни уред. Паркингот е можен во нивната непосредна близина.

Цените се дадени за сместување по соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


Цените се дадени за превоз по лице, во термини според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Употребата на клима уред е бесплатна во објектите (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, Грција апартмани 2018, со важност до 31.01.2018 година. 
* Цените со попуст, важат со уплата од 50% од износот при резервација и доплата на аранжманот до 31.03.2018 година. 
*  Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !