ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Автобуски Програми - Милано 09.10-13.10
Милано 09.10-13.10
“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.
 

Северниот Бисерна Италија како го нарекуваат Милано,  со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala,  Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

1 ден   09.10.2019 СКОПЈЕ-МИЛАНО: Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски  во 09:30 часот.Поаѓање за Милано во 10:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден  10.10.2019 FRANCIACORTE OUTLET VILLAGE - МИЛАНО: Пристигнуваме во  FRANCIACORTE OUTLET VILLAGE, во близината на Бреша, предпладневните часови. Слободно време за шопинг ( 2часа). Продолжуваме накај Милано. По пристигнувањето препорачуваме  организиран разглед на градот:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот......Слободно време за индивидуални прошетки.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  11.10.2019 МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО:Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано:катедралата San Lorenzo,црквата Santa Marina di Angelo,стариот град со пркрасните плоштади,казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve…Можност за факулттаивно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден  12.10.2019 МИЛАНО -СИРМИОНЕ-СКОПЈЕ : Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Слободно претпладне во центарот на Милано, разгледајте го ремек делорто на готската уметност, Миланското Дуомо, посетете го музејот на операта Скала или уживајте  во кафетериите на пасажот Виторио Емануел.. . Во договор со водичот патувањето  продолжува кон Сирмионе - езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки.  Патувањето  кон Скопје продолжува  преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.

5 ден  13.10.2019 СКОПЈЕ: Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019  :  149 /  9.240 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 / 9.860 ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Милано(околина)
  • Посета на Сирмионе
  • Попатна посета  на FRANCIACORTE OUTLET VILLAGE( во зависност од проодноста на границите посетата може да биде и последниот ден)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  175 денари
  • Разглед на Милано со локален водич 10 €
  • Факултативен излет за Лугано и Комо  30€
  • Крстарење по езерото Комо(30мин) 10€
  • Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.720 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  •  генцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди времеи место  на поаѓање.