
Собир на Скопскиот аеродром во 14:30 часот.
Полетуваме за Неапол во 16:30.
Пристигнување и трансфер до хотелот во Неапол.
По сместувањето, слободно време за кратка прошетка во околината на хотелот.
Ноќевање.
По појадокот, се упатуваме на целодневен излет, каде ќе ги посетиме Помпеја – познатиот антички град кој е неверојатно зачуван и како да е застанат во времето.
По обиколката на Помпеја, се упатуваме кон Соренто, еден од градовите кој е познат по своето крајбрежје, излетнички центар на Неапол, и секако, домаќин на многубројни странски туристи во летниот период.
Враќање кон хотел во договорено време.
Ноќевање.
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневен факултативен излет на монденскиот остров Капри. Островот каде се среќаваат екстравагантноста и едноставноста, островот каде времето е застанато, и уживањето е најважно.
Слободно време за прошетка и истражување на преубавиот остров.
Во договорено време се упатуваме назад кон Неапол.
Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
По појадокот, се упатуваме кон центарот на Неапол, каде го започнуваме разгледот со локалниот водич. Ги посетуваме најпознатите места во стариот град на Неапол.
По разгледот, слободно време за прошетка и истражување на истоските места и гастрономските уживања кои ги има во изобилие.
Враќање кон хотел во договорено време и трансфер до аеродром.
Полетување за Скопје во 18:45.
3 ноќевања во хотел 2* & 3* на база на вклучен појадок.
Името на хотелот се објавува на 2 дена пред поаѓање.
Цена на аранжманот:
479eur / 29,698мкд
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Важно: