15.02. - Малта – Гозо – вечерна Валета
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј.Слободно време за индивидуални активности и ручек. Ќе ја посетиме и базиликата TA Pinu - место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење за ова прекрасно место. Враќање во хотел.По кратка пауза ќе имате можност за вечерно патување во Валета и 3те Градови. Поаѓањето околу 18:30 часот, кога сонцето полека заоѓа и островот ги добива своите магични вечерни бои. Ќе тргнеме да ги откриеме Трите Града - вистински бисери на малтешката историја.Првата станица ќе биде Биргу (Виториоза), средновековен град чии тесни, мистериозни улици кријат приказни за витези, трговци и пирати. Прошетката низ овој стар кварт ќе ви даде чувство дека сте се вратиле неколку векови назад.Потоа, ќе уживаме во слободното време во марината Виториоза, една од најубавите марини на островот. Совршено место за релаксација, пиење пијалок и уживање во единствената атмосфера на луксузни јахти и осветлени пристаништа.Потоа нашиот пат води до срцето на Малта - Валета. Таму ќе имате слободно време за шопинг, прошетка меѓу луксузните улици...По ова незаборавно вечерно искуство, се враќаме во хотел, исполнети со впечатоци, мириси и слики што ќе останат во меморијата долго време.Ноќевање.