-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019
Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.
Вилата „Vrahos“ се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив. Во оваа вила располагаме со четирикреветен апартман на прв спрат со тераса која има директен поглед на море. Апартманот има квалитетен мебел и солидно опремена кујна (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг. Напомена: Во апартманот дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години.
Вила „Vrahos” - Каламитси |
||
Термин: |
Ноќевања: |
1/4 апартман I спрат |
20.05-30.05.2020 |
10 |
250 € (15.550 ден.) |
30.05-09.06.2020 |
10 |
350 € (21.700 ден.) |
09.06-19.06.2020 |
10 |
450 € (27.900 ден.) |
19.06-29.06.2020 |
10 |
550 € (34.100 ден.) |
29.06-09.07.2020 |
10 |
680 € (42.160 ден.) |
09.07-19.07.2020 |
10 |
780 € (48.360 ден.) |
19.07-29.07.2020 |
10 |
780 € (48.360 ден.) |
29.07-08.08.2020 |
10 |
780 € (48.360 ден.) |
08.08-18.08.2020 |
10 |
780 € (48.360 ден.) |
18.08-28.08.2020 |
10 |
680 € (42.160 ден.) |
28.08-07.09.2020 |
10 |
550 € (34.100 ден.) |
07.09-17.09.2020 |
10 |
450 € (27.900 ден.) |
17.09-27.09.2020 |
10 |
350 € (21.700 ден.) |
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра