Италијаните имаат добро кафе, вкусна храна, квалитетно вино и врвна мода.
А, ние организираме прошетка со најдобрата комбинација!
09. Ноември (Недела) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:25 часот. Полетување за Рим во 18:55 и слетување во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во центарот на Рим и уживање во атмосферата на римските кафулиња. Ноќевање.
10. Ноември (Понеделник) РИМ
Појадок. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата со “вистинско” италијанско кафе. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори… Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.
11. Ноември (Вторник) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
12. Ноември (Среда) РИМ – ГРАДИНИТЕ НА ВИЛА БОРГЕЗЕ - СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме посета на градините на вила Боргезе, во еден од најпознатите и најубавите паркови во Рим, префинета зелена оаза, каде внимателно уредените фонтани и уметничките скулптури создаваат атмосфера на хармонија и естетика. Трансфер до Аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 21:30 и слетување во 23:10 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 429 евра (26.600 денари)
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Напомени: