ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Крајова - 19.12.2026
Крајова - 19.12.2026
Craiova Christmas Market
Недела - 05.12.2026
Поаѓање во 00:00 часот од Кочани.Организиран превоз од: Скопје,Велес,Штип,Виница,Каменица,Делчево.
Патуваме преку граничен премин Делчево кон Крајова – еден од најголемите романски градови, жив, со универзитет, аеродром и прекрасни зачувани згради стари над еден век. Програмата започнува со посета на паркот „Никола Романеску“. Слободно време за фотографии во паркот и зоолошката градина, која се наоѓа во него (повеќекратна пауза од околу 40 минути). Продолжуваме кон трговскиот центар Променада – најмодерниот трговски центар во Крајова, кој нуди разновидни продавници, ресторани и забава. Слободно време во трговскиот центар 1 час и 30 минути. Потоа – панорамска пешачка тура низ центарот на градот, каде што ќе ја видите Уметничката галерија и музеј, црквата Мадона Дуду, куќата на доктор Петар Берон, плоштадот Михаил Витјазул со Општината и Музејот на уметноста, античката црква Света Троица, изградена во 18 век и украсена од француски мајстори, англискиот парк со споменикот на Александар Јоан Куза – првиот владетел на обединета Романија. Сите знаменитости се разгледуваат однадвор за да се ужива во архитектурата и историската атмосфера на градот. Слободно време за шопинг и прошетка меѓу празничните божиќни украси, каде што гостите можат да го почувствуваат духот на сезоната и да се фотографираат за сувенири. Заминување и враќање во Македонија околу 18:00 часот.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
 
Цена на аранжманот: 2990мкд