
13.12.2026
Поаѓање на групата во 05:00 часот пред Нова Пошта во Штип. Патуваме кон Бугарија преку граничен премин Делчево со попатни паузи. Пристигнување во Софија, шопинг во трговскиот центар Ring Mall, слободно време околу 2-3 часа, потоа имаме прошетка во Софија во Божикниот базар и уживање во новогодишните декорации, многубројните штандови и забавни содржини. Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови.
Цена на аранжманот: 1200мкд
Во цената е вклучено:
-превоз на наведената релација
-патничко и здравствено осигурување
-организација и водство на патувањето
Напомена:
За овој аранжман потребно е пријава од најмалку 25 патници, во спротивно аранжманот може да се откаже на три дена до пред поаѓање.