
1ден/ 04.12 (петок) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата, поаѓање околу 11:00 часот. Поаѓање од Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.
2ден/ 05.12 (сабота) ПРАГА
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек и прошеткa Christmas Market. Враќање во хотел. Ноќевање.
3ден/ 06.12 (недела) ПРАГА - ДРЕЗДЕН БОЖИЌНИ ПАЗАРИ
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата - богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква - Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни, уживање во најубавиот божиќен базар во Дрезден. Враќање во Прага. Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4ден/ 07.12 (понеделник) ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Виена. Слободно време во Виена, прошетка низ волшебните божиќни маркети во Виена. По завршениот разглед се упатуваме кон Македонија, со попатни паузи и царински формалности.
5ден/ 08.12 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Предвидено пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.
Промо цена: 169€ / 10.480мкд
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена: