ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Котор - 30.12. - 03.01.2027
Котор - 30.12. - 03.01.2027

Прв ден:30.12.2026 (среда)

22:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 00:15 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

 

Втор ден: 31.12.2026 (четврток)

Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство најмногу заради урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент. Градот е стар преку 2000 години и претставува висинска ризница на Споменици на Културата: Катедралата Свети Трипун, Црквата Свети Лука, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави. Потоа сместување на групата во хотелот „Marija“ 3 *** (http://www.hotelmarija.me/ ) сместен во внатрешните ѕидини на стариот град во прекрасна барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма за која е најавен настаот на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Трети ден: 01.01.2027 (петок)

Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах... Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Котор. Пред нас е уште една незаборавна вечер со забава на отворено. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Четврти ден: 02.01.2027 (сабота)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки во овој прекрасен град кој изобилува со продавници и мали ресторани во кои ќе уживате во медитеранските специјалитети. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани групата Забрањено Пушење и популарниот Сејо Сексон, рокенрол музичар и композитор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Петти ден: 03.01.2027 (недела)

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.440 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената е вклучено:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3*** во Котор

- Организиран разглед на градот со локален туристички водич

- Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич

- Организација на патувањето и  туристички придружник

 

Во цената не е вклучено:

- Туристичка такса– 1 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување 

 

Напомена:

За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.

 

Целосна доплата на аранжманот до 25.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници