Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.
Состанок на групата во 16:30 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:30 ч. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3***. Ноќевање.
2 ден: (14.11.2025 – петок ) - БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ )
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија ... Слободно време а потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза или шопинг. ..Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани.Ноќевање.
3 ден: (15.11.2025 – сабота) - БАРСЕЛОНА (3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА,ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден: (16.11.2025 – недела ) - БАРСЕЛОНА (ЗООЛОШКА ГРАДИНА и ПАРК ЦИТАДЕЛА)
Појадок во хотел. За денешниот ден е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата.Слободно време за индивидуални активности.Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 21:40.Пристигнување во 01:00 часот .
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 449 €
ЗА ПРВИТЕ 8 ЛИЦA
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
ФАКУЛТАТИВИ :
ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ФАКУЛТАТИВИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ !!
ОПШТИ НАПОМЕНИ: