ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Загреб и Љубљана - 04.12 - 07.12.2026
Загреб и Љубљана - 04.12 - 07.12.2026

Zagreb Christmas Market 2026 - Opening Dates, hotels, things to do,... -  Europe's Best Destinations

04.12.2026 (петок)

Поаѓање во 19.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.
 

05.12.2026 (сабота)

Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно индивидуално време во Загреб. Ноќевање.
 

06.12.2025. (недела)

Појадок. Поаѓање (факултативен излет) за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во Божикниот базар во Загреб индивидуално, празничната магија на градот, голем број на тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање..
 

07.12.2026. (понеделник)

Појадок во раните утрински часови околу 07 часот. После појадокот се одјавуваме. И попатно застануваме Белград- посета на Београд на Води. Слободно време за прошетка покрај Сава и шопинг во ТЦ Galerija. После завршениот разглед се упатуваме во Македонија со попатни паузи и царински формалности.
 

ПРОМО ЦЕНА: 165евра ( 10 230 ден)

 

Во цената е вклучено:
  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Загреб
  • придружник на групата
  • слободно време Белград на води и ТЦ ГАЛЕРИЈА.

 

Во цената не е вклучено:

  • посета на Љубљана со водич-40 евра
  • разглед на Загреб со водич – 20евра ( задолжителна факултатива)
  • туристичка такса за сместување во Загреб 5е за двете ноќевања -задолжително
  • влезници за културно историските споменици

 

Напомени:

  • ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Со ова туристичката агенција нема ништо.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.
  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.