
05.03. Петок / Скопје - Бари
Состанок на аеродромот во Скопје во 15:00 часот. Полетување кон Бари во 16:50, и пристигнуваме во 18:00. Трансфер до хотелот. Ноќевање.
06.03. Сабота Бари - Алберобело – Матера
Појадок. Факултативен излет до Алберобело, градот познат по уникатните куќи „Trulli“ со конусни кровови, изграден од неправилни камења без малтер. Уличките создаваат магична атмосфера, како да сте влегле во цртан филм, а целиот град е под заштита на УНЕСКО. Во попладневните часови заминуваме кон Матера – град кој остава без здив со својата специфична архитектура. Изграден меѓу карпести падини, со куќи врежани во камен, овој град создава впечаток на природна сценографија. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.
07.03. Недела Бари – Полињано а Маре – Монополи – Остуни
Појадок. Факултативен излет до Полињано а Маре, едно од најживописните приморски гратчиња во регионот Пуља, познато по своите бели куќи изградени на високи карпи над кристално чистото Јадранско Море. Ќе прошетаме низ неговиот шармантен стар град, исполнет со тесни камени улички, мали плоштади и прекрасни панорамски тераси со поглед кон морето. Потоа продолжуваме кон Монополи, прекрасно крајбрежно гратче кое го задржало својот автентичен медитерански шарм. Ќе ја видиме и величествената катедрала Basilica Cattedrale Maria Santissima della Madia, еден од најзначајните верски споменици во градот. Продолжуваме кон Остуни, познат како „Белиот град“ поради неговите препознатливи варосани куќи кои блескаат на сонцето.. Ќе застанеме на Piazza della Libertà, главниот плоштад во градот, и ќе продолжиме кон прекрасната катедрала Cattedrale di Santa Maria Assunta, позната по својата впечатлива готска фасада. Трансфер до Бари. Ноќевање.
08.03. Понеделник Бари – Скопје
Појадок. Разглед на Бари. Денот го започнуваме со прошетка низ шармантните улички на Бари, град кој зрачи со автентичен јужњачки дух и морска свежина. Во стариот дел, Бари Векија, тесните камени сокачиња кријат мали плоштади, локални продавници и традиционални куќи каде сè уште се чувствува вистинската апулијска атмосфера. Ќе ја посетиме базиликата Св. Никола, едно од најзначајните духовни и културни обележја на градот, како и катедралата која сведочи за богатото историско наследство на регионот. Прошетката продолжува кон модерниот дел на градот, со елегантни булевари, познатиот театар Петруцели и долгата морска променада, идеално место за уживање во погледот кон Јадранското Море. Полетуваме за Скопје во 18:35 и пристигнуваме во 19:45 часот.
Промо цена: 439 € / 27.220 мкд
Редовна цена: 499 € / 30.940 мкд
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз: Скопје – Бари – Скопје, со Визер
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
Сместување во хотел 3*, три ноќевања, со појадок.
Организиран пешачки разглед на Бари.
Организиран траснфер за сите излети.
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативен излет Матера и Алберобело со водич и трансфер – 70€
Факултативен излет Монополи. Остуни и Полињано а Маре со водич и трансфер – 85€
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ(Матера, Алберобело, Oстуни и Полињано а Маре) - 140€
Туристичка такса 1.650 мкд (се плаќа во агенција)
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 9.300 денари
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.