24.10 - 27.10.2025
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ден: | Скопје – Малта
Состанок на групата на скопскиот аеродромот 2 часа пред летот. Полетување за за Малта во 20:55 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 22:40 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден: | Малта - Валета - Мдина
Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta'Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.
3 ден: | Малта - Гозо
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 - ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности и ручек. Ќе ја посетиме и базиликата TA Pinu - место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење за ова прекрасно место. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
4 ден: | Малта – Marsaxlokk - Скопје
Појадок. После појадокот се упатуваме во посета на Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе Ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година. ( влезница 20 еур ).Потоа се упатуваме кон Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:30 часот. Слетување во Скопје во 01:15 часот.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 339€
ЗА ПРВИТЕ 8 МЕСТА
РЕДОВНА ЦЕНА : 399€
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Напомена :
ПРИЈАВУВАЊЕ на ФАКУЛТАТИВИ ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !!
За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници
Општи напомени: