Локација: Хотелот Ammon Zeus има локација покрај плажа на популарното место Калитеа, на првиот крак Касандра. Хотелот се наоѓа на само 5 минути пешачење од центарот на Калитеа. На еден километар се наоѓаат најпознатите барови и ноќни клубови.
Сместување: Сите соби имаат приватен балкон со поглед кон морето или градината. Опремени се со клима уред, сателитски LED телевизор 32", фен за коса, фрижидер или мини бар и сеф со големина за лаптоп.
Содржина: Хотелскиот ресторан служи појадок и вечера на шведска маса со традиционални грчки и медитерански јадења, приготвени од свежи, локални производи. А ла карт ресторанот Greco's служи свежа морска храна. Хотелот располага со бизнис центар кој нуди копирање, печатење, скенирање и интернет услуги со дополнителни трошоци. Исто така, достапна е игротека за деца каде родителите можат да ги забавуваат своите деца.Хотелот располага со спа центар со џакузи, хамам, сауна и мала теретана. Во неговите капацитети се вклучени базен со летна тераса и детски базен. Бесплатен WiFi е обезбеден во сите делови. Приватен паркинг е можен со доплата.
Плажа: На плажата со Сино знаме се изнајмуваат лежалки и чадори, како и водни скии, џет-скии и морски велосипеди. Баровите покрај базенот и плажата нудат коктели, здрави пијалоци и вкусна храна.
На понудените цени има дополнителен попуст од 20% за резервации направени до 31.12.2024.
Цените во табелите се по соба по ноќевање, според типот на сместување и оброци.
Во цените е вклучено:
-
Цените се по соба по ноќевање, според типот на сместување и оброци.
-
Минимален престој: 5 ноќевања за сите периоди.
-
Деца и бебиња:
-
Деца (2-11,99 години) се сметаат како еден патник во максималната зафатеност.
-
Бебиња (0-1,99 години) и креветчиња за бебиња се бесплатни, со тоа што креветчето може да се додаде над дозволениот капацитет во сите типови соби.
Премиум услуги:
За гостите во соби Premium Room Sea Front и Penthouse Suite Sea Front:
-
15 минути спа-третман по лице за време на престојот.
-
Шише вино во собата при пристигнување.
-
Мини-бар со 4 безалкохолни пијалаци и 1 пиво.
-
Nespresso апарат со дневно дополнување на капсули (важи за престој над 3 ноќи).
Данок и плаќање:
-
Туристичкиот данок не е вклучен во цените и треба да се плати при пристигнување.
-
Хотелот го задржува правото да не прима гости кои одбиваат да го платат данокот.
-
Ако има промени во даночните стапки, се применуваат актуелните стапки за време на престојот.
Рана резервации (EBD - Early Booking Discount):
-
-20% попуст за резервации направени до 31.12.2024.
-
-15% попуст за резервации од 01.01.2025 до 28.02.2025.
-
-10% попуст за резервации од 01.03.2025 до 31.03.2025.
Напомени за EBD: