
КОПЕНХАГЕН - Главниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по квалитет на живот.
ГЕТЕБОРГ - Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени паркови, пријателски дух и вкусна храна. Гетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати по својот пријателски и духовит карактер.
ОСЛО - Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура, природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинаија, денес е пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.
СТОКХОЛМ - Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни улички стојат веднаш до современи стаклени згради.
План и програма: 10.04. - 15.04.2026
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во два часа пред време за лет. Полетување за Стокхолм во 05:45 часот, слетување во 09:00 часот. Организиран панорамски разглед на Стокхолм: кралската резиденција Drottningholm Palace и градините; градското Собрание, каде што секоја година се доделува Нобеловата награда; Стариот град и централниот остров Gamla Stan каде што е старата кралска палата; главниот плоштад Stortoget во старото градско јадро, каде што се наоѓаат Шведската Академија и Нобеловиот музеј. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Факултативно, крстарење под мостовите на Стокхолм. Факултативно, патување со брод до островите на Архипелагот во Стокхолм. Поаѓање за Оребро (околу 4 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организиран краток разглед на градот - Stortorget – главниот плоштад, Оребро замок, кратка прошетка низ стариот град. Поаѓање за Осло (околу 3 часа). Организиран разглед на Осло: Aksershus замок, Rathuset – градско собрание и место на доделување на Нобеловите награди; Карл Јохан – главна улица со Националниот Театар, парламент и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen – скијачка патека и панорама. Сместување во хотел во Осло. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на Гетеборг: плоштадот Густав Адолф; Градското собрание, Stortorget и Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт „Хаг“ и Gotaplatsen плоштадот; Nordstan – најголемиот шопинг центар во Скандинавија. Поаѓање за Хелсинборг. Сместување во хотел во Хелсинборг. Ноќевање.
5 ден
Појадок. Патувањето продолжува со фери брод до Хелсингор каде што ќе има околу 1 час да се разгледа замокот од Шекспировата драма Хамлет. Поаѓање за Копенхаген (околу 1 час). Организиран разглед на градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот, како и Rundetaarn (Округлата кула) - стара опсерваторија; Rådhuspladsen - градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace – актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace – кралска палата со колекција на крунски накити; Amalienborg – резиденција на кралската фамилија; Frederick’s Church – впечатлива барокна црква; Малата сирена – позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен; Nyhavn – пристаниште со шармантни кафулиња и шарени згради, посета на Carlsberg фабриката. Поаѓање за Малме преку Oresund мостот. Посета на стариот дел од Малме. Ноќевање.
6 ден
Појадок. Трансфер до аеродром, Директен лет Малме – Скопје во 09::10. Пристигнување во Скопје во 11:50.
Цена на аранжманот: 1.378eur
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена
Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.