АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
МАЈСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Ирска

Things to Do in Dublin in 2025 | Expedia

Прв ден: 20.05.2026 (среда)Скопје-Франкфурт-Даблин

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13.30 часот. Полетување кон Франкфурт во 15.40 часот, слетување во 18.05. Летот за Даблин е во 21.10 часот, пристигнување во 22.15 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот “Arlington” 3*, лоциран во центарот на градот. Одмор од патувањето и ноќевање.

 

Втор ден: 21.05.2026(четврток)Даблин

Појадок. Започнуваме со откривање на “Смарагдениот Остров” – дом на повеќе од 30.000 замоци и на најмногу добитници по глава на жител на Нобеловата награда за литература, земјата која прв пат почнала да ја прославува „Ноќта на вештерките“, земјата во која бил изграден бродот Титаник, и најпосле, замјата од каде потекнува најпознатото пиво во светот. Главниот град на Ирска е стар над илјада години, бил основан од Викинзите и во него се наоѓа барот кој се смета за најстар во светот, отворен уште во 1198 година. Започнуваме со организиран разглед на центарот на Даблин. Ја посетуваме катедралата на Исусовата Црква, една од најимпозантните средновековни градби во Даблин и најстарата зграда што е се уште во функција изградена во 1030 година. Продолжуваме кон плоштадот Мерион, највеличествениот плоштад од периодот на владењеето на четирите британски кралеви со име Џорџ – период познат во историјата на градот како “Џорџиев Даблин”. Ќе го видиме и познатиот колеџ „Trinity“, основан во 1592 година од кралицата Елизабета I, како и Даблинскиот замок со неговите градини кој денес Ирската влада го користи за официјални приеми. Има уште многу значајни историски градби во Даблин, а ние ќе посетиме уште една од нив– катедралата Свети Патрик, најголемата и најстарата катедрала во Ирска и една од најважните градби во готски стил. Слободно време за прошетка низ познатите шопинг улици Nassau и Grafton и за индивидуални активности во Даблин – градот кој е дом на повеќе од 700 ирски пабови и на познатата пивница Guiness, која во 1759 година креаторот на познатото пиво ја изнајмил на 9000 години. Ноќевање.

 

Трет ден: 22.05.2026 (петок)- Даблин-Корк

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон Корк, вториот најголем град во Ирска. Најпрво застануваме во гратчето Blarney за да ја видиме една од најголемите туристички атракции во целата земја. Замокот во Бларни е еден од најпознатите во Ирска, основан во 1446 година од страна на еден од локалните лордови. Иако оштетени од времето и многуте битки, замокот и неговата средновековна камена кула се уште стојат исправени и сведочат за бурната историја на Ирска. По ова патување низ минатото се сместуваме во хотелот “Maldron Hotel Shandon” 4* лоциран во центарот на градот. Краток одмор од патувањето, а пото одиме на организиран разглед на градот. Сместен сред најплодните полиња на југот од Ирска, Корк бил првично основан како монашка населба, а потоа изграден како населба од страна на Викинзите. Се наоѓа на второто најголемо природно пристаниште во светот, кое било последното место каде што закотвил Титаник пред да го продолжи кобното патување кон Њујорк. Ќе ги посетиме главните атракции на Корк – англискиот пазар, познат по архитектурата од 19-от век и по локалните специјалитети кои таму можат да се пробаат; катедралата Свети Finbar, готска црква посветена на заштитникот на градот; главната пешачка улица Свети Патрик, и други знаменитости. Слободна вечер за уживање во атмосферата во градот и локалните ресторани по кои Корк е нашироко познат. Ноќевање.

 

Четврти ден: 23.05.2026 (сабота)- Корк-Гребените на Мохер-Голвеј

Појадок. Слободно време за индивидуални активности во Корк, а околу пладне се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон последната дестинација од нашето патување – Гoлвеј (Galway). Попатно застануваме на едно од најпознатите места во Ирска – Гребените на Мохер, кои нудат уникатни глетки на Атлантскиот Океан од кои застанува здивот. Слободно време за прошетка низ величествената природа и набљудување на разновидните птици кои таму се вгнездуваат. Гребените се едно од омилените места на пафините во ова време од годината, па со малку среќа ќе имаме можност да ги видиме овие птици кои живеат само во северниот дел од Атлантскиот Океан. Во Голвеј пристигнуваме во попладневните часови и се сместуваме во хотелот „Salthill“ 4*, лоциран надвор од градот, на една од најубавите плажи на океанот. Одмор од патувањето, а во вечерните часови организирана вечера во хотелскиот ресторан. Ноќевање.

 

Петти ден: 24.05.2026 (недела)- Голвеј

Појадок и слободно време за индивидуални активности и користење на базенот и спа центарот во хотелот. Околу пладне се упатуваме кон Голвеј, кој се смета за главен град на ирската култура. Голвеј е познат по боемската атмосфера и по многубројните пабови, барови и настани – во градот се случуваат повеќе од 120 фестивали во текот на годината. Главната пешачка улица во градот е полна со улични музичари, а во едно од нејзините ќошиња на свои 14 години кариерата ја започнал и познатиот музичар Ед Ширан. Организиран разглед на Голвеј со посета на замокот на семејството Линч, изграден во 15-ти век; црквата Свети Никола која е најголемата средновековна црква во Ирска што е сеуште во функција; Плоштадот Eyre, големата катедрала на Голвеј, историскиот латински кварт и други знаменитости. Слободно време за индивидуално истражување на градот и уживање во уникатната атмосфера што ја создаваат над 400 локални пабови. Во хотелот се враќаме во вечерните часови. Ноќевање

 

Шести ден: 25.05.2026 (понеделник)- Голвеј-Даблин-Цирих-Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Даблин. Полетување кон Цирих во 13.00 часот, слетување во 16.15 по локално време. Поаѓање кон Скопје во 18.00, слетување во 20.05 часот.

 

Промотивна цена за уплата до 28.01.2026: 1590 евра (98.580 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ1690евра (104.780 денари)

(плаќање во денарска противвредност) 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

• Авионски билет: Скопје-Франкфурт-Даблин-Цирих-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите локални трансфери

• 2 ноќевања со појадок во хотел Arlington 3* во Даблин

• 1 ноќевање со појадок во хотел  Maldron Hotel Shandon 4* во Корк

• 2 ноќевања со појадок во хотел Salthill 4* во Голвеј со користење на спа центарот во хотелот

• 1 вечера во Голвеј

• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Доплата за еднокреветна соба – 450 евра

• Услуга за визирање – 30 евра

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: На Македонските државјани им е потребна виза за влез во Ирска. Со резервацијата се обврзувате да ги обезбедите потребните документи за издавање виза. Агенцијата посредува за визирање, но не гарантира дека визата ќе биде одобрена.

 

За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 500 евра (31.000 денари) најдоцна до 28. Јануари 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 15. Април 2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници