ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Барселона - 16.05 - 19.05.2026
Барселона - 16.05 - 19.05.2026
9 Cool Facts About Barcelona You Might Not Know
Прв ден 16.05.2026-сабота (СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА)

Состанок на групата во 16:00 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:00 ч. Пристигнување во Барселона во 20:50ч
Трансфер до хотелот и сместување во хотел . Ноќевање.

 

Втор ден 17.05.2026-недела ( БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, ПАРК ГУЕЛ)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот
на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија … Слободно време а потоа е предвидена индивидуална посета на
најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат
неговите идеи за единството на уметноста и природата…Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална
посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани.Ноќевање.

 

Трет ден 18.05.2026-понеделник (БАРСЕЛОНА ,3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА,ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со
паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX
век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се
упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за
слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате
можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

 

Четврти ден 19.05.2026-вторник (БАРСЕЛОНА (АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. За денешниот ден ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден
од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на
шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза или шопинг. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во
хотел. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 21:40. Пристигнување во 01:00 часот.

 

Цена на аранжманот: 559eur / 34,658мкд

 

Во цената е вклучено:

Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
Рачен багаж до 8 кг.
Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
Туристичка такса се плаќа во агенција – 4 € по лице на ден,
Билети за јавен превоз со метро
Патничко осигурување
Еднокреветна соба

 

Важно:

За реализација на програмата потребно е група од 25 патника

За еднокреветна соба се доплаќа 150 евра

Доплата за дете до 11.99 години се намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни