МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Анталија - Мармарис - Родос - 20.05 - 26.05.2026
Анталија - Мармарис - Родос - 20.05 - 26.05.2026

Прв ден: 20.05.2026 (среда)- Скопје-Анталија-Мармарис

00.05 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Анталија во 02.05 часот, слетување во 04:50 часот по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон преубавиот Maрмарис, градот распослан на местото каде се спојуваат Егејското и Средоземното Море, едно од најпознатите турски летувалишта. По пристигнувањето следи панорамски разглед на градот, а потоа сместување на групата во хотелот „Blue Bay Style“ 4**** (https://bluebaystyle.com/tr/ana-sayfa/ ) кој се наоѓа во срцето на Мармарис на околу 100 метри од морето (услугата во хотелот е на принцип ALL Inclusive - се` вклучено). Хотелот е целосно реновиран за сезоната лето 2025 и е од типот на бутик хотелите што нуди совршен мир, удобност и релаксирачка атмосфера. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 21.05.2026 (четврток)- Мармарис-Островот на Клеопатра

Појадок. Заминуваме на факултативна целодневна организирана посета на островот Седир, познат како островот на Клеопатра, рајско парче на Земјата заштитено од Министерството за култура на Турција како национално богатство. Легендата вели дека сакајќи со уникатен венчален подарок да ја израдува Клеопатра откако се согласила да се омажи за него, римскиот војсководец Марко Антониј наредил на островот да бидат донесени 60 бродови песок од Египет. Овој уникатен песок постои само на две места во светот и има интересни карактеристики: песокот гори на оган, во минерална вода се зголемува и се движи доколку се набљудува под лупа. Слободно време за уживање во прекрасната морска вода во заливот во кој пред илјадници години се бањала египетската кралица Клеопатра. Организиран ручек на бродот кој за време на пловидбата застанува за пливање и фотографирање на најубавите заливи на Мармарис. Во попладневните часови враќање назад во Мармарис. Вечера во хотелот. Ноќевање.

 

Трет ден: 22.05.2026 (петок)- Мармарис-Островот Родос

Појадок. Заминуваме на целодневна организирана посета на градот Родос на истоимениот грчки остров, главниот град на Dodekanez-островска област во Грција што ја сочинуваат 12 големи острови кои се наоѓаат во овој дел. Градот им припаѓал на Грците, на Витезите на Св. Јован, на Турците, Италијаните и на крајот повторно на Грците. Денес стариот град Родос е под заштита на УНЕСКО, а со самиот влез во него преку Капијата на Слободата ќе сфатиме дека градот е мозаик на различни култури и цивилизации. Од пристаништето во Мармарис до островот не` дели околу еден час патување со глисери, а по пристигнувањето веднаш заминуваме на панорамски разглед на градот. Се спуштаме кон старото пристаниште Mandraki изградено тогаш кога е граден и самиот град - во 408 година пред новата ера. Опкружено е со три ветерници кои денес не се користат, додека на север од пристаништето се наоѓа старата тврдина Св. Никола од 15. Век. На самиот влез на пристаништето се наоѓаат остатоците од едно од седумте светски чуда на античкото време-Колосот од Родос, гигантска фигура на Хелиос, богот на Соцето од третиот век пред новата ера : два камени столба а на нив бронзени фигури на елен и на кошута.  Огромната статуа ја осмислил родоскиот вајар Ares и биле потребни дваесет години да се изгради. Основата на статуата била направена од мермер, а кога била завршена некаде околу 280 година пред Исус Христос била висока 36 метри и во тоа време била најголема во светот. Статуата стоела на ова место цели 54 години, додека на островот не се случил силен земјотрес. Статуата се скршила и целосно се срушила, а според записите на грчкиот географ Straba, остатоци од Колосот останале да лежат на земјата полни осум века. Веќе подолго време во Грција постојат планови за изградба на нов Колос кој би бил висок 120 метри и во неговата внатрешност планирано е да има музеј, изложбен простор, ресторан и светилник. Колосот би бил свртен кон Егејското Море а на врвот во високо кренатата рака ќе држи светло кое ќе се гледа не само од бродовите кои ќе минуваат овде, туку и од турскиот брег оддалечен околу 70 км. Бродовите би впловувале во пристаништето минувајќи меѓу неговите нозе, а предвидениот проект би чинел околу 283 милиони евра. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме назад во Мармарис. Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 23.05.2026 (сабота)- Мармарис

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Доколку дозволат временските услови, слободно време за плажа и за користење на надворешниот базен на хотелот. Ручек и вечера во ресторанот. Ноќевање.

 

Петти ден: 24.05.2026 (недела)- Мармарис

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Доколку дозволат временските услови, слободно време за плажа и за користење на надворешниот базен на хотелот. Ручек и вечера во ресторанот. Ноќевање.

 

Шести ден: 25.05.2026 (понеделник) – Мармарис-Анталија

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Анталија, еден од најголемите градови во Турција и најзначајното место за одмор на туристите. Организиран разглед со локален туристички водич на најзначајните објекти од кои се издвојува симболот на градот-Адријановата Порта, римска триумфална порта изградена во 130 година од нашата ера во чест на императорот Адријан. Целосно е направена од бел мермер со резба и рељефни украси. Ќе го видиме часовникот и џамијата  Yivli minaret, и ќе прошетаме низ стариот град каде ќе се имаме слободно време да уживаме во шоља турско кафе или традиционален турски чај. Во договореното време трансфер до аеродромот во Анталија. Полетување од Анталија во 00.25 часот по локално време, пристигнување во Скопје на 26.05.2026 во 01.15  часот.  

 

Промотивна цена за уплата до 05.03.2026699 евра (43.340 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 759 евра (47.060 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената е вклучено:

- Авионски билет Скопје - Анталија - Скопје со вклучени аеродромски такси

- Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

- Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

- 5 ноќевања на услуга ALL Inclusive (се` вклучено)во хотелот „Blue BayStyle“4****во Мармарис   

- Целодневен излет со брод до островот на Клеопатра со вклучена влезница и ручек на бродот

- Целодневен излет до островот Родос

- Организирана посета на Анталија

- Лиценциран локален туристички водич за време на предвидените разгледи

- Лиценциран туристички придружник

 

Во цената не е вклучено:

- Доплата за еднокреветна соба – 200 евра

- Патничко осигурување

 

Напомена: За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 250 евра (15.500 денари). Целосна доплата на аранжманот до 20.04.2026 година.

 

Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа!

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници