ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Kalithea - Vila Blue Dream
Vila Blue Dream

Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата. Вилата е со одличен квалитет на сместување. Ви посакуваме пријатен престој.

 
 - Цените без * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 200m од вилата).
- Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција).

"Blue Dream"
Kалитеа

термин 

МАЈ

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ 

24

31

07

14

21

28

05

12

19

26

02

09

16

23

30

06

13

 20 

 

бр. ноќи 

7

7

7

7

7

7 *

7 *

7  *

7  *

7  *

7  *

7  *

7 *

7 *

7

7

7

7

 

Aпартман /2+2/

115

145

175

215

265

530

580

650

690

690

690

690

650

600

265

225

175

125

 

Aпартман /3+2/

115

145

185

225

275

560

  610

690

760

760

760

760

700

630

285

235

185

125

 

опис на ценовникот

по лице со превоз

цени за наем на цел апартман

по лице со превоз

                                             
Автобуски превоз КАЛИТЕА, според термини од табелата Патни Информации
Град на поаѓање Mесто на поаѓање Време на поаѓање Скопје - Калитеа (325 км)
Куманово: (бензинска Макпетрол - автопат) 04:15h
Скопје - Солун - Неа Модања - Калитеа

Автопат (Е75)
Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (430мкд)
Патарини во Грција (2.30€)

Скопје: (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 05:00h
Штип: (паркинг пред нова пошта) 05:00h
Велес: (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
Неготино: (бензинска, Макпетрол) 06:15h
Г.П. Богородица:: (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
Поаѓање од Калитеа: 14:45 по МК време / 15:45 по ГР време (на главниот булевар