Истанбул е град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Состанок на групата околу : 16:00 h
Поаѓање кон Истанбул околу : 16:30 h
Место на поаѓање (Скопје) – паркинг при хотел Русија – општина Аеродром
Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.
Предвидено пристигнување во раните утрински часови.
Втор ден - 05.09.2025
Пристигнување на групата во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално)
Во договорено време групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување.
Започнуваме со посета на Миниатурк – Турција во минијатура .
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.
По посета на Миниатурк се упатуваме кон Ортаќој.
Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .
Враќање во хотел.
Ноќевање.
Појадок.
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Областа Таксим
Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.
Појадок.
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Областа Таксим
Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.
Четврти ден - 07.09.2025
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.
Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.
Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.
Враќање кон хотел.
Ноќевање.
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.
Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Кој не би сакал шопинг?
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија после полноќ.
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.
Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Кој не би сакал шопинг?
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија после полноќ.
Сместување во хотел со 2* или 3* со вклучен појадок на база на шведска маса .
Хотелите се наоѓаат во населбите Аксарај и Лалели на само 15 – 20 минути пешачење од Капали Чаршија.
Патниците се известуваат за хотелот 2 дена пред поаѓање.
-Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*
-Автобуски превоз
-Туристчка такса
-Туристички придружник
-Посета на Капали Чаршија
-Посета на турската продавница за слатки работи ,,Коска “
-Посета на аутлет трговски центар ,,212
-Индивидуални трошоци
-Факултативни излети
-Патничко осигурување
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ (од изминатата една година) ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција
Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.