LAST MINUTE
ЛЕТО 2018 - ГРЦИЈА
Nei Pori - Vila Anastassios
Vila Anastassios

Villa Anastasios е лоцирана на втората линија објекти, на околу 100 метри од плажата во централниот дел на Неи Пори. Сместувањето во нејзе е организирано во студија кои се наоѓаат на првиот кат. Куќата се наоѓа во мирниот дел на Неи Пори, во близина на неколку продавници и тивки ресторани. Одлична е за семејства со помали деца. Студијата се опремени со тоалет и туш, мини кујна, балкон, ТВ и клима уред. Како објект кој веќе петта сезона се наоѓа во нашата понуда, оваа вила е секако една од најпрепознатливите објекти од летната понуда. Гостопримливите домаќини кои се грижат за гостите од Анастасиос и од Магас се секако најбитната нивна карактеристика.

Anastassios

Цените се дадени за сместување по соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

Leto 2018 prevoz Halkidiki Pieria SPO Jan

Цените се дадени за превоз по лице, во термини според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Употребата на клима уред е бесплатна во објектите (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

Автобуски превоз за ПИЕРИЈА
секоја недела, од 20.мај до 30.септември

Место и време на поаѓање:
Скопје 06:00 h (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес 06:30 h (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино 07:00 h (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово 07:30 h (бензиска пумпа, Макпетрол)
Гевгелија 08:00 h (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово 04:30 h (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар 03:45 h (паркинг кај Дом на култура)
Тетово 04:45 h (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани 04:45 h (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип 05:30 h (паркинг пред пошта)
Кичево 04:30 h (БП Пуцко петрол)
Струга 03:00 h (хотел Дрим, трафики)
Охрид 03:30 h (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен 04:00 h (спроти автобуска станица)
Битола 05:00 h (паркинг кај спортска сала)
Прилеп 05:45 h (БП Лукоил)
Кавадарци 06:30 h (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш 05:45 h (БП Макпетрол)
Струмица 06:30 h (паркинг пред Тинекс)

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје – Неи Пори
Скопје - Солун (E75),
Солун – Паралиа – Олимпик Бич – Лептокарија – Неи Пори
Трошоци во еден правец:
патарини MK (180 ден)



НАПОМЕНИ:
Цените во табелата се однесуваат, за превоз на патници до дестинациите во термините за сезона Лето 2018 година во Грција и истите се во согласност, со објавените програми во туристичка понуда.
Цените во табелата за деца (chd) се однесуваат за превоз на деца на возраст од 2-12 год.
RT - повратен билет, OW - билет во една насока.
Агенцијата го задржува правото на организација и реализација на превозот, согласно бројот на патници потребен за реализација на аранжманите. Во случај на недоволен број на патници, можно е откажување на некои термини во превозот, со благовремено известување согласно Општите услови за патување на СКТМ