Будва - Автобуска програма
Црна гора лето 2024 Будва – бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете! Одбери Будва лето 2024.
ТЕРМИНИ
|
I категорија
|
II категорија
|
19.06. – 28.06.2024
|
149 €
|
129 €
|
28.06. – 07.07.2024
|
169 €
|
149 €
|
07.07. – 16.07.2024
|
195 €
|
169 €
|
16.07. – 25.07.2024
|
215 €
|
189 €
|
25.07. – 03.08.2024
|
219 €
|
195 €
|
03.08. – 12.08.2024
|
219 €
|
195 €
|
12.08. – 21.08.2024
|
205 €
|
175 €
|
21.08. – 30.08.2024
|
185 €
|
159 €
|
30.08. – 08.09.2024
|
159 €
|
129 €
|
- Поаѓањето е ден однапред од дадените термини: 18.06., 27.06., 06.07.... од Скопје во 23.30 часот (Прилеп 20.30ч, Кавадарци 21.30ч, Неготино 21.45ч, Штип 21.30ч, Велес 22.30ч )
- Цените се изразени во евра по патник со вклучен автобуски превоз;
- Туристичката такса не е вклучена во цената и изнесува 1 € по патник дневно (за деца 2-12 год. 0,5 €) - се плаќа во агенцијата.
- Деца од 2-12 год. со сопствен кревет 30% попуст;
- Деца од 2-12 год без сопствен кревет 50% попуст;
- I категорија е соба со сопствено купатило;
- II категорија две соби делат едно купатило;
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање. Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за исправноста на патните исправи.
- Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Доплата за еднокреветна соба е 70% од дадената цена за сместување;
- Аранжманот вклучува приватно сместување во зависност од одбраната категорија во двокреветни и трокреветни соби кај првата категорија и двокреветни соби кај втората категорија, на база 9 ноќевања и автобуски превоз;
- Вилите се оддалечени 300 – 400 метри од Словенска плажа;
- Рестораните се наоѓаат во круг од 50 – 100 метри од сместувањето;/
- Одбитокот за сопствен превоз е 10 евра по патник
- ПАКЕТ ВО РЕСТОРАН: 9 ПОЛУПАНСИОНИ ( ПОЈАДОК / ВЕЧЕРА ) ЦЕНА: 93 € (деца од 2-12 год. –детски оброк 47 €)
- Појадокот е во термин од 08.00ч до 11.00ч а вечерата од 18.00ч до 22.00ч.