ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Skiathos - VIlla Elegant
VIlla Elegant

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.  Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.  Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Вила Elegant се наоѓа во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Вилата располага со 11 студиа, за 2,3 или 4 лица на приземје прв и втор спрат и еден апартман за 4 лица на втор спрат.

 

 

ТЕРМИН

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
21.05.2026-28.05.2026 180e
28.05.2026-04.06.2026 220e
04.06.2026-11.06.2026 270e
11.06.2026-18.06.2026 310e
18.06.2026-25.06.2026 365e
25.06.2026-02.07.2026 425e
02.07.2026-09.07.2026 455e
09.07.2026-16.07.2026 455e
16.07.2026-23.07.2026 455e
23.07.2026-30.07.2026 455e
30.07.2026-06.08.2026 455e
06.08.2026-13.08.2026 455e
13.08.2026-20.08.2026 455e
20.08.2026-27.08.2026 400e
27.08.2026-03.09.2026 330е
03.09.2026-10.09.2026 260e
10.09.2026-17.09.2026 200e
17.09.2026-24.09.2026 190e
24.09.2026-01.10.2026 190e

 

Во цената е вклучено:

-7 ноќевања – 8 дена во вила Skiathos Elegant (цени по лице)

-појадок

-Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија

-Туристички пратител за време на патувањето

-Претставник од агенција за време на престојот

 

Во цената не е вклучено:

–Дополнителeлни 55€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус

-Патничко осигурување

-Факултативни излети

-Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

 

Опис на сместување:

 

Студио број 1,2,3 и 4 се наоѓаат на приземје.

 

Студио број 5,6,7 и 8 се наоѓаат на прв спрат.

 

Студио број 9,10, 11 и 12 се наоѓаат на трет спрат.

 

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

 

Студио број 1 нуди сместување за 2 лица.

 

Студио број 2 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети.

 

Студио број 3 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети. Нема тераса.

 

Студио број 4 нуди сместување за 3 лица. Студиото располага со еден брачен кревет и еден кревет на извлекување.

 

Студио број 5 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).

 

Студио број 6 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.

 

Студио број 7 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.

 

Студио број 8 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.

 

Апартман број 9 нуди сместување за 4 лица. Апартманот располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во овој апартман може да се сместат 4 возрасни лица бидејќи има одвоена спална, и кревет на извлекување во кујна (или 2 возрасни и 2 деца).

 

Студио број 10 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.

 

Студио број 11 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.

 

Студио број 12 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).