ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Skiathos - Alkmene Studios
Alkmene Studios

Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на Скијатос се одалечени околу 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на приближно 200 метри. Автобуската станица до другите плажи на островот е на околу 100 метри.

Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер и клима уред. Вилата располага со двокреветни студиа со два единечни или еден брачен кревет.

 

7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице, со вклучен превоз Скопје–Волос–Скијатос–Волос–Скопје).

Резервациите со попуст се плаќаат 50% при резервирање и остатокот до 30 дена пред поаѓање.

 

Термин Редовна цена по лице
21.05.2026 – 28.05.2026 132 €
28.05.2026 – 04.06.2026 150 €
04.06.2026 – 11.06.2026 174 €
11.06.2026 – 18.06.2026 198 €
18.06.2026 – 25.06.2026 222 €
25.06.2026 – 02.07.2026 239 €
02.07.2026 – 09.07.2026 263 €
09.07.2026 – 16.07.2026 299 €
16.07.2026 – 23.07.2026 299 €
23.07.2026 – 30.07.2026 299 €
30.07.2026 – 06.08.2026 299 €
06.08.2026 – 13.08.2026 299 €
13.08.2026 – 20.08.2026 299 €
20.08.2026 – 27.08.2026 299 €
27.08.2026 – 03.09.2026 239 €
03.09.2026 – 10.09.2026 215 €
10.09.2026 – 17.09.2026 179 €
17.09.2026 – 24.09.2026 155 €
24.09.2026 – 01.10.2026 131 €

 

Цените се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс: 1 € = 62 денари.

Во сите типови соби, сместувањето е дозволено согласно капацитетот на редовните легла. Дополнително, може да се смести едно дете до 2,99 години кое не користи посебно легло.

 

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице).
  • Автобуски превоз на релација Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
  • Туристички пратител за време на патувањето.
  • Претставник од агенција за време на престојот.

 

Во цената не е вклучено:

  • Дополнителни 55 € – задолжителна доплата за билет за траект на релација Волос–Скијатос–Волос (се плаќа во автобус).
  • Патничко осигурување.
  • Факултативни излети.
  • Користење на клима (не е задолжително) – 7 € од ден, се плаќа на лице место при пристигнување.
  • Доплата за туристичка такса – 14 € од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително, се плаќа кај газдите на вилата).
  • Трансфер од Струмица - 15 €
  • Трансфер од Штип - 20 €

 

План и програма:

  • Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток.
  • Поаѓањето е секоја среда навечер, а секој четврток е првиот ден од одмор.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект-компанијата.

 

Важно:

  • За споен термин се сметаат ПРОМО цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку патувате со сопствен превоз.
  • Во случај на уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
  • За споен термин се одбива 15 € за превоз и се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените).
  • Полињата кои се со црвено во табелите означуваат зафатени студиа; полињата со зелено означуваат вкупно слободни студиа.
  • При резервација задолжително контактирајте на наведените телефони за слободни капацитети и тип на студио.
  • Телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку во тој рок нема потврда за уплата (канцеларија, жиро-сметка или online), резервацијата се смета за откажана.
  • За да резервирате со депозит, потребна е уплата од најмалку 30% од вкупната сума.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00 часот по локално време, напуштањето на собите е во 09:00 часот по локално време.
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на реализација, организаторот го наплатува целокупниот износ (100%).
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно бројот на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости.
  • Кујните во сите студиа се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависат од давателот и техничките можности во регионот; агенцијата нема одговорност за квалитетот на интернет сигналот.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа.
  • Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку Ultra First, Last Minute, Black Friday или други промо-кампањи да ги објави и продаде слободните капацитети по цени различни од редовните во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разлика во цена во однос на промотивните понуди.

 

Факултативни излети:

Крстарење до Lalaria Beach и островот Skopelos

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава, плажата Лаларија е како рај на земјата – ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место кое чека да го посетите. Малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.

Оваа плажа е достапна само со бродче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Се посетува и островот Skopelos, како и црквата Agios Ioannis, позната по иконата св. Јован. На ова место, како и на островот Skopelos, се снимени голем број сцени од мјузиклот „Mamma Mia“. Крстарењето претставува целодневно уживање.