НОВА ГОДИНА 2026
ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - НОРВЕШКА
ЛЕТО 2025 - СКАНДИАНВИЈА
НОЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Автобуски патувања - Пролом Бања
Пролом Бања
Hotel Radan - Пролом Бања - JK Travel
Пролом Бања е сместена на падините на планината Радан и е позната по својата исклучително лековита минерална вода – Пролом вода, една од ретките во светот со висока балнеолошка вредност. Комбинацијата од чист воздух, лековита вода и недопрена природа ја прави оваа бања идеално место за релаксација и обновување на организмот. Хотелскиот комплекс „Радан“ нуди удобни соби, медицински и wellness третмани, базени, рекреативни и забавни содржини. Сѐ е прилагодено за пријатен престој – без разлика дали сте тука за одмор, здравствени цели или прошетка во природа.
 
 
Програма на патување:
 
 
06.09.2025 (сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација  и користење на СПА услугите на хотелот. ВечераНоќевање.
 
 
07.09.2025 (недела) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ 
Појадок. Можност за факултативен претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. ВечераНоќевање
 
 
08.09.2025 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ  
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија после пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
 
 
ПРОМО цена до 15.08.2025 - 175€/10.850 мкд
Редовна цена на аранжманот - 195€/12.090мкд
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
 
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса),
– Исхрана на база полн пансион: појадок, ручек и вечера на база шведска маса 
– Користење на внатрешен базен и внатрешно-надворешен базен со минерална лековите Пролом вода
– Секојдневно користење на Велнес Центарот : солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билјард, пинг понг, тенис, пикадо)
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
– Туристичка такса
– Организација, реализација и придружник на патувањето
 
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување, 
– Организиран излет до Ѓавола Варош, превоз, вклучена влезница и локален водич - 5€ 
– Индивидуални трошоци масажи, пијалок и др. 
 
 
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден
– Дете 2-7год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170ден
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни -50% попуст
– Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден по патник
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +45€/2.790ден
 
 
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
– За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници. 
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. 
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ