
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 16:00. Летот Скопје-Милано е во 18:10. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот Малпенса до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот. Ноќевање.
По појадокот, со јавен превоз (метро или трамвај) се упатуваме кон центарот на Милано, каде нашиот локален водич ќе не пречека и ќе го започнеме разгледот. Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.
По појадокот во хотел, се упатуваме на целодневна посета на Комо, градот кој е изграден токму до истоименото езеро, се движиме низ стариот град, кој е сместен во средновековните ѕидини кои го опколуваат од 3 страни, а четвртата е пристапот кон прекрасното езеро. Слободно време за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме да направите едно крстарење на езерото, или посета на селото Брунате, кое се наоѓа на планината над градот и езерото, каде имате можност да уживате во погледот на градот и езерото. Во договорено време, се упатуваме назад кон Милано. Слободно време за индивидуални активности.