МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
Авионски Програми - Париз - 29.04. - 02.05.2026
Париз - 29.04. - 02.05.2026

Eiffel Tower | History, Height, & Facts | Britannica1 ден - Скопје - Париз - Лувр

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:45 часот. Полетување кон Париз во 10:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Easyjet. Пристигнување на аеродромот Орли во 13:40 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел.Во попладневните часови можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Враќање назад во хотел.Ноќевање.
 

2 ден - Париз – Версај - разглед

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините).По завршување на посетата на Версај се враќаме назад во центарот на Париз, каде што следува разглед на градот со локален водич (со доплата), шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Враќање назад во хотел.Ноќевање.
 

3 ден - Париз - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена

Појадок во хотел. Појадок во хотел. По појадокот индивидуални прошетки или можност за посета на Ајфеловата кула(индивидуално) и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание.По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време, индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
 

4 ден - Париз - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Orly. Полетување кон Скопје во 06:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Easy Jet. Слетување во Скопје во 08:55 часот.

 

ПРОМОТИВНА  ЦЕНА :  519 €
за првите 8 места !!
РЕДОВНА ЦЕНА 579 €

 

Во цената е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Париз - Скопје со авикомпанијата Easy Jet;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 6 € по лице на ноќ – уплата во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба 171 Еур.
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ И ПОСЕТИ:

  • Пешачки разглед со локален водич - 25 €;
  • Посета на Версај - 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;
  • Крстарење со брод по Сена - 25 €;
  • Посета на Лувр - 45 € (индивидуална влезница со термин , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени - до втор кат - 28 €, до трет кат - 40 € (со лифт);
  • Дизниленд – цена за влезница при уплата поради променлив карактер на истите

Задолжително минимум две екскурзии - пријавување во агенција !!

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.