МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Кина - 05.05. - 12.05.2026
Кина - 05.05. - 12.05.2026

План и програма: 05.05. - 12.05.2026

 

1 ден

Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет, Лет Скопје – Пекинг преку Виена и Минхен. Полетување од Скопје во 12:35 часот, пристигнување во Виена во 14:10 часот. Полетување од Виена во 17:40 часот. Пристигнување во Минхен во 18:40 часот. Полетување од Минхен во 19:40 часот.

 

2 ден

Пристигнување во Пекинг во 11:45 часот. Трансфер до хотелот во Пекинг. Сместување и одмор во хотелот.

 

3 ден

Појадок. Посета на Tiananmen Square – централниот и најголем плоштад во Пекинг, потоа на Забранетиот град Gugong – поранешната царска палата и симбол на кинеската историја, и летната палата Yiheyuan – раскошен комплекс со палати и градини, користен како летна резиденција на царевите. Ноќевање.

 

4 ден

Појадок. Организирана посета на Кинескиот ѕид во Мутианју, една од најдобро зачуваните и најубави делници на овој историски ѕид, кој се градел повеќе од 2.000 години за одбрана на Кина, со можност за искачување со жичара и панорамски погледи. По посетата, враќање во хотелот. Ноќевање.

 

5 ден

Појадок. Посета на Националниот стадион „Bird’s Nest“ – симболот на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, и на Националниот акватски центар, познат како „Water Cube“, дел од Олимпискиот парк. По посетата, враќање во хотелот. Ноќевање.

 

6 ден

Појадок. Трансфер со автобус до железничката станица и патување со експресен воз до Хангжу, историски град познат како центар за чај и свила (околу 5–6 часа патување). Разгледување на градот и Западното езеро, со крстарење по езерото. Сместување во хотел. Ноќевање

 

7 ден

Појадок. Поаѓање кон Шангај и разгледување на градот со посета на ТВ и радио кулата „Oriental Pearl“ и крстарење по реката Хуангпу. Прошетка по познатата шеталишна зона Бунд и свечена вечера во традиционален кинески ресторан. Ноќевање.

 

8 ден

Појадок. Посета на Стариот град и Стариот базар, историска зона со традиционална кинеска архитектура и продавници за сувенири, како и на Храмот на Буда од Жад (Jade Buddha), познат по својата статуа од бел жад. Разгледување на уметничката област Tianzifang, позната по уметнички студија и кафулиња, и шопинг улицата Nanjing Road, главната комерцијална улица во Шангај. Трансфер до аеродромот и поаѓање од Шангај во 23:50 часот.

 

9 ден

Пристигнување во Франкфурт во 07:25 часот. Поаѓање од Франкфурт во 12:30 часот, пристигнување во Скопје во 14:45 часот.

 

Цена на аранжманот: 3.558eur

 

Во цената е вклучено:

  • Повратен авионски билет Скопје – Пекинг и Шангај – Скопје.
  • Вклучен багаж
  • Сместување во хотели 6 ноќи.
  • Појадок за сите денови на престој.
  • Автобуски тури (според програмата).
  • туристички пратител од агенција и кинески водич за сите денови на престој.
  • Влезници според програмата за знаменитостите во Пекинг: Кинески ѕид, жичара, Забранетиот град, Летната палата; во Хангжу: крстарење по Западното езеро; и во Шангај: крстарење по реката Хуангпу, влез во ТВ и радио кулата и Храмот на Jade Budha.
  • Билети за експресен воз.
  • Вечера во кинески ресторан.

 

Во цената не е вклучено:

  • Сe што не е наведено во програмата
  • Факултативни излети
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

 

Важно:

  1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.