
Хотели (цени по лице со ALL INCLUSIVE):
Белешка: Покрај секој хотел е конечна цена на аранжман по лице (авионски карти + хотел + трансфери + аеродромски такси).
Вклучено е и патничко осигурување (ако имате свое, известете и доставете за одбивка од цена).
Mirage Bay Resort and Aqua Park 4* – 450 € / лице на база all inclusive
Линк: https://mirage-bay.com/
Minamark Resort and Spa 4* – 500 € / лице на all inclusive
Линк: https://minamark.com/
Royal Lagoons Resort and Aqua Park 5* – 530 € / лице на all inclusive
Линк: https://royallagoonsresort.com/
Jasmin Palace Resort and Spa 5* – 730 € / лице на all inclusive
Линк: https://www.jasminepalaceresort.com/en/
Hurghada Long Beach Resort 4* – 799 € / лице на all inclusive
Линк: https://hurghada-longbeach.com/
Сите времиња на летови се по локално време!
Полетување – 09.04.2026:
Skopje (SKP) – Istanbul (IST)
14:20 – 16:50
Istanbul (IST) – Hurghada (HRG)
23;45 – 01:30 a.m
Враќање – 16.04.2026:
Hurghada (HRG) – Istanbul (IST)
02:30 a.m -06:25
Istanbul (IST) – Skopje (SKP)
12:50 – 13:20
Во цената на аранжманот е вклучено:
✔ Авионски превоз Скопје – Хургада – Скопје со трансфери
✔ Престој во хотел 4*/5* на база All Inclusive
✔ Трансфери аеродром – хотел – аеродром
✔ Рaчен багаж 3 kg (торба)
✔ Организациски трошоци
✔ Водич на македонски јазик за сите излети
Цени за багаж:
20 kg чекиран + 8 kg кабински багаж – 80 € (само ако се пријави при купување на аранжман!)
Кабински до 8 kg – 60 €
чекиран до 12 kg – 70 €
чекиран до 20 kg – 100 €
Дополнително НЕ Е вклучено:
✖ Факултативни излети и влезници
✖ Индивидуални трошоци
✖ Локални градски такси (се плаќаат на рецепција)
✖ Виза (може online или на аеродром – приближно 25 USD)
Факултативни излети (предлози):
Каиро со пирамиди – околу 90 € + 5 € пловење по Нил (деца до 11.99 г – 60 €)
Супер Сафари во пустина – 35 € / возрасни (20 € деца)
Рониење со боци – 40 € / возрасни
Пливање со делфини – 65 € / лице
Рајско Острово – Hula Hula – 35 € / возрасни (25 € деца)
Луксор – 70 € / возрасни (50 € деца)
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Организатор има право на промени во програмата.
Проверете точно време и место на полетување 2 дена пред патувањето.
Факултативните излети се по желба и зависат од слободни термини на локитетите.
Патниците треба да ги почитуваат правилата на однесување за време на превоз.
ПРОФЕСИОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА НА АЕРОДРОМ И ПРЕЧЕК ВО ХУРГАДА
✔ На аеродромот во Скопје ќе ве пречека претставник од туристичката агенција, кој ќе ви помогне со процесот на чекирање и ќе ве испрати до поаѓање.
✔ Претставникот од агенцијата не патува со групата, туку е присутен исклучиво за асистенција и организација пред летот.
✔ По пристигнувањето во Хургада, локален водич кој зборува македонски или српски јазик ќе ве пречека на излезот од аеродромот (EXIT зона).
✔ Секој патник однапред ќе добие контакт телефон од водичот, кој ќе ве чека при пристигнување и ќе ви помогне со понатамошната организација.
✔ Обезбеден е организиран трансфер од аеродромот до вашиот хотел за удобен и безгрижен почеток на одморот.
Со нас патувате сигурно, јасно организирано и со професионална поддршка во секој чекор од патувањето.
НАПОМЕНИ:
Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!