
Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Летот е во 12:30 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот,слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок.
После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.
Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.
Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава ( факултативно ) со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
Појадок.
По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
Појадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром… Полетување кон Скопје во 15:00 часот.
Цена на аранжманот: 449eur / 27,838мкд
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Важно: