ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Загреб

Fun Things to do in Zagreb in Winter (plus full guide!)

Програма на патување
 
1.Ден 29.12.2024 (Недела) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок на групата во 19.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Хрватска во 20.00 часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. 
 
2.Ден 30.12.2024 (понеделни) ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневите часови. Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнa магија. Ноќевање. 
 
3.Ден 31.01.2025 (вторник) ЗАГРЕБ- ЉУБЉАНА-ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разлед на градот со локален водич (Змејскиот мост, Трите Мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик, Фрањевачката Црква, Фонтана на трите реки...). Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Загреб. Прослава на Новогодишна вечер на плоштадот Бан Јелачич. Ноќевање.
 
4.Ден  01.01.2025 (среда) ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во попладневите часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови
 
ПРОМО цена за пријави до 11.11 – 189 евра / 11.718 денари
Цена за резервации до 01.12 – 199 евра / 12.338 денари
Редовна цена на аранжманот:  219 евра / 13.578 денари
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок
- Разглед на Загреб со локален водич
- Организација и реализација со туристички придружник. 
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Tуристичка такса 250 денари (доплата во агенција)
- Задолжително патничко осигурување.
- Факултативна посета на Љубљана - 45€ (доплата на лице место).  
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 50 евра
 
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош 
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ