ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Автобуски програми - Азурен брег
Азурен брег

Nova Godina na Azuren Breg – Daglas Tours – Патувајте по најевтини цени!

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...

Термин: 28 Декември

1 ДЕН 28.12.2024 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 29.12.2024 КАН
Пристигнување во Кан во пладневните часови. . Ве водиме на прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината... Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални пррошетки. Ноќевање.

03 ДЕН 30.12.2024 КАН – СЕН ТРОПЕ
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien. Во попладневните часови враќање во Кан. Ноќевање.

04 ДЕН 31.12.2024 КАН – АНТИБ – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)... потоа продолжуваме со посета на Ница... Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во Кан. Слободно време за одмор. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Кан во ноќните часови. Ноќевање.

05 ДЕН 01.01.2025 КАН – ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето...Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 20€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 02.01.2024 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Октомври: 319 € / 19.780 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 € / 21.640 денари

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
Сместување во хотел Ibis Styles Cannes Le Cannet 3*,во Кан
Разглед на Кан
Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
Новогодишна посета на Монте Карло (40€)
Посета на Ст. Тропе (50€)
Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€)
Посета на Ница и Антиб(50€)
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 160€

Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
Влезници за културно историски споменици, музеи.
Билети за јавен превоз
Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
Доплата за избор на седиште 10€

НАПОМЕНИ:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.