Во месецот на најубавите соништа , кога градовите блескаат во илјадници светилки, кога снегулките паѓаат по градските улици и воздухот мириса на цимет ,ванила и греено вино а срцата се исполнуваат со празнична еуфорија – тогаш Љубљана и Загреб стануваат вистинска зимска бајка. Замислете прошетка низ шармантните улички на Љубљана, каде реката Љубљаница е обвиена со светлосна магија , каде ќе ги слушнете веселите ѕвончиња на божиќните песни, ќе видите шарени штандови со рачно изработени подароци, ќе вкусите традиционални слатки , печени костени, локален специјалитет – потица кој се прави само во овој период од годината , колбаси и богата улична храна и музика која ве кани да останете подлого . Но сепак посетителите може да ја доживеат празничната магија на градот и од друг агол – со романтично бродче по реката Љубљаница. Додека пловите низ градот , ќе уживате во панорамски поглед на осветлените мостови , стари згради и празнична еуфорија која се рефлектира во водата. Овој базар е една од причините зошто Љубљана ја нарекуваат и најромантичната престолнина во декември – вистинска дестинација за празнична еуфорија.
Но, вистинскиот врв на празничната еуфорија ве очекува во Загреб – градот кој неколкупати е прогласен за најдобар божиќен базар во Европа. На плоштадот Бан Јелачиќ светлата играат како илјадници ѕвезди , а на Крал Томислав Плоштад ве чека една од најубавите лизгалки на мраз во Европа на отворено – момент што враќа во детството , со насмевка и розови образи од зимскиот воздух . Шетајќи низ базарите, ќе ги пробате највкусните локални деликатеси, ќе наздравите со чаша греено вино или фритули и ќе се препуштите во ритамот на добрата музика. Овде божиќнот базар не е само на едно место – целиот град е сцена оживеана со концерти, улични настапи, уникатни локации како тунелот Грич , претворен во светлосна галерија, секое маало, плоштад и парк нуди уникатно искуство , од романтични прошетки во парк Зрињевац до гламурозни концерти и автентична гастрономија.
Додека Љубљана е малечка, романтична и шармантна од друга страна Загреб е голема сцена на празничната радост. Комбинација на овие два града е како да имате две различни приказни во едно патување. Заедно создаваат совршено празнично патување што ќе ви остане во срцето засекогаш.
План и програма:
ПРВ ДЕН 18.12.2024 ЧЕТВРТОК
Состанок на групата во 08:45 ч пред Хотел Русија и поаѓање према аеродромот во Скопје со организиран трансфер. Планирано полетување за Љубљана во 11:40 ч. Внимавајте на вашиот авионски багаш да е според дозволените димензии и килажа . Во спротивно доплаќате при самиот чек-ин на аеродром. Предвидено пристигнување во Љубљана 13:10 ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел во центарот на Љубљана. Сместување во хотел после 14:00 ч.
Собир на групата пред хотел и поаѓање на разглед низ Љубљана со локален водич. Пешачка обиколка на историскиот центар на градот Љубљана, Змејскиот мост најомилениот симбол на градот, изграден во 19 век, на кој има 4 змејови кои го претставуваат симболот на Љубљана, катедралата Св. Николај – седиште на епархијата, Тромостие – познатите три пешачки моста на реката Љубљаница, Прешернов трг – главниот градски плоштад со споменик на Франц Прешерн, најголемиот словенечки поет, фрањевската црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот , робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, од овде сите заедно се упатуваме кон жичарата каде води до Љубљански Замок кој се издига високо над градот. Станува збор за средновековен замок кој е сведок на славното минато на градот, но и доказ за тоа како старото и новото можат да функционираат во совршена симбиоза (за сите што сакаат да влезат се доплаќа карта на лице место) . По разгледот, слободно време за индивидуални активности и посета на божиќен базар покрај реката Љубљаница . Предлог – ноќно крстарење со брод низ реката Љубљаница. Ноќевање во Љубљана.
Појадок во хотел. После појадокот поаѓање према Загреб (возење одприлика 2 часа ) . Пристигнување во Загреб и панорамски разглед на градот со локален водич. Се посетува Катедралата на воскресението на Блажена Дева Марија – највисоката градба во Хрватска , Горен град – стар дел од градот со калдрма, Фуникуларот и панорама на Загреб – најкратката жичница што ги поврзува долен и горен град, Камена Порта, Улица Илица – најдолга и најпозната улица со продавници, Плоштад Свети Марко . Посета на еден од најубавите божиќни базари во Европа : прошетка низ Зрињевац , Бан Јелачиќ плоштад и Крал Томислав плоштад со лизгалка на мраз. По разгелдот слободни време за уживање во базарите за празнична атмосфера со греено вино , локални деликатеси , музика и пазарење сувенири.
Во договорено време поаѓаме према Љубљана. Ноќевање.