1 Ден - 11 декември 2025 - Четврток (Скопје)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:00ч. Полетување за Доха (Катар) во 20:45ч преку Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул во 00:15, полетување од Истанбул во 01:30 и слетување во Доха(Катар) 05:50ч, на 12 Декември 2025, сите саатници се локални.
2 Ден - 12 декември 2025 - Петок (Доха)
Формалности на аеродром, трансфер до хотел, сместување во хотел со early check-in, можност за краток одмор, освежување и промена на гардероба, а потоа сити тура, разглед на Доха(Катар), со автобус и лиценциран локален водич. Ноќевање. (Разгледот на Доха со локален водич и влезница во Национален Музеј на Катар сее вклучени во цената).
3 Ден - 13 декември 2025 - Сабота (Доха)
Поаѓање на крузерот од Доха : 23:00ч.
Појадок во хотел. Слободно време за плажа или други индивидуални активности. Поаѓање за пристаништето на Доха(Катар), качување на крузерот во 12:00ч, во 23:00ч крстарењето започнува со напуштање на пристаништето на Доха(Катар), и се упатува кон Дубаи (ОАЕ). Арапската магија започнува, додека вие ужувате во луксузот кој ви го нуди крузерот.
4 Ден - 14 декември 2025 - Недела - На море
На море – уживање – цел ден на море, да се релаксирате, капите, сунчате , да уживате во базените или џакузите на крузерот, со музика , храна и пијалок... крстарејќи до следното утро , кога крузерот ќе ве однесе на неверојатно доживување во Дубаи (ОАЕ) ...
5 Ден - 15 декември 2025 - Понеделник (Дубаи)
Пристигнување на крузерот : 07:00ч.
Во 07:00 часот , крузерот пристигнува во приcтаништето на светскиот луксуз, Дубаи... Факултативен трансфер со автобус, од крузерскиот терминал до градот,а потоа , факултативни посети со локален водич на македонски јазик : The View at the Palm, Bluewaters Island, Dubai Marina, Dubai Mall, The Dubai Fountain… потоа слободно време во Dubai Mall и...Автобуски трансфер од Dubai Mall до пристаниште, до нашиот крузер... Забавата продолжува во прекрасната дискотека на крузерот, од чии стаклени ѕидови ќе имаме фантастичен поглед на надворешноста ..
6 Ден - 16 декември 2025 - Вторник (Дубаи)
Поаѓање на крузерот од Дубаи : 16:00ч.
Појадок , а потоа , факултативен автобуски трансфер од пристаништето на крузерскиот терминал до градот, Дубаи – факултативни посети , со локален водич на македонски јазик, на фото стоп пред Museum of The Future ,Jumeirah Madinat, Miracle Gardens Dubai.. Автобуски трансфер до пристаништето, враќање на крузерот... Во 16:00ч крузерот се разделува со атрактивниот и динамичен Дубаи , и се упатува кон пристаништето на Сир Бани Јас (ОАЕ). Уживање во храната, музиката, забавите, на крузерот.
7 Ден - 17 декември 2025 - Среда (Сир Бани Јас)
Пристигнување на крузерот : 09:00ч.
Поаѓање на крузерот од Сир Бани Јас : 19:00ч.
Пристигнување на крузерот во 09:00 часот на островот со услуга со пет ѕвезди, најголемиот од осумте природни острови …
На оддалеченост од 250 километри од Абу Даби(ОАЕ), островот Сир Бани Јас(ОАЕ), е природен остров кој се наоѓа во западниот регион на Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Тој е најголемиот природен остров во Обединетите Арапски Емирати и меѓу најдобрите места за посета во Абу Даби за љубителите на дивиот свет.
Островот Сир Бани Јас е еден од осумте што ги сочинуваат пустинските острови во Ал Дафра. Островот е 17,5 километри од север кон југ и 9 километри од исток кон запад. Името Сир Бани Јас потекнува од племето Бани Јас, кое прво го населило Абу Даби. Сир Бани Јас е сртот на солена купола создадена пред милиони години од природни геолошки сили. Триесет и шест археолошки локалитети се откриени низ Сер Бани Јас, секој од нив дава посебен увид во историјата на островот. Островот е исто така локација на единственото предисламско христијанско место што се наоѓа во ОАЕ. Христијанската црква од 7 век била откриена во 1992 година и била отворена за јавноста во 2010 година. Може да се посети за време на културната турнеја на Пустинските Острови Resort & Spa.
Награден со „Водечка светска дестинација за одржлив туризам“ на World Travel Awards 2014 во Ангвила, повеќе од половина од островот се состои од Арапскиот парк за диви животни, еден од најголемите резервати за диви животни во регионот. Со површина од 87 квадратни километри, резерватот е основан во 1977 година од шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, основачот на ОАЕ и е најголемиот резерват за диви животни во ОАЕ. Неколку милиони дрвја беа засадени и бројни животински видови беа претставени на островот. Во паркот се сместени околу 13.000 домородни животни на Арапскиот Полуостров, вклучувајќи ги загрозените арапски орикс, песочна газела и планинска газела, како и предатори и чистачи кои слободно скитаат како што се суданскиот гепард и шарената хиена. Островот е дом на стадо од над 400 арапски орикс, вид на антилопи, кои слободно шетаат на островот. Украсен со зелени теписи и преку 2,5 милиони дрвја, вклучувајќи ретки видови како трн багрем или гума за џвакање, островот опфаќа засолниште за птици во кое се наоѓаат повеќе од 100 видови диви птици домородни и во регионот.
Крузерската плажа Sir Bani Yas, е позната по својата неверојатна природна убавина, создадена за да понуди неверојатно искуство на крузерските патници , домаќин на низа активности и капацитети за да одговараат на сите вкусови: од истражување мангрови со кајак и набљудување на диви фламинго до тури за откривање велосипеди, а во меѓувреме, љубителите на водените спортови можат да уживаат во пловењето, џет-скиите и многу повеќе во посветениот центар за спортови на вода. Плажата за крстарење Sir Bani Yas,брзо стана белег на рутите за крстарење.
Островот ја има одговорноста за зачувување на животните давајќи им на животните отворени простори за шетање, а исто така и заштита на критично загрозени или ранливи видови како морските желки, песочните газели, овците Уриал, варварските овци и арапскиот тахр и орикс. Додека напорите за истражување и зачувување се главен дел од тековниот развој на паркот, голем број на диви животни и авантуристички активности се веќе достапни за посетителите, кои вклучуваат возење со игри, патеки во природата, планински велосипедизам, нуркање и јадење на отворено. Со еволуцијата на островот, тој исто така има луксузни одморалишта за своите туристи кои прошируваат големо гостопримство. Гостите на одморалиштето можат да возат 4x4 Nature & Wildlife Drive низ паркот во специјално направени возила придружени од стручни водичи.
Можност за капење и уживање на прекрасната плажа , во текот на целото време, Крузерската Плажа, Sir Bani Yas, или можност за факултативни екскурзии на островот... Во 19:00ч, крузерот го напушта овај прекрасен остров и се упатува кон пристаништето на Абу Даби(ОАЕ) ... Уживање и забави на крузерот...
8 Ден - 18 декември 2025 - Четврток (Абу Даби)
Пристигнување на крузерот : 08:00ч.
Поаѓање на крузерот од Абу Даби : 17:00ч.
Во 08:00ч крузерот пристигнува на пристеништето во Абу Даби (ОАЕ). Факултативен трансфер со автобус и факултативна посета, со локален водич на македонски јазик, на Qasr Al Watan – претседателската палата во Абу Даби (ОАЕ), потоа фото стоп пред музејот Лувр, Louvre Museum, Abrahamic Family House Abu Dhabi и фото стоп пред познатата џамија - Sheikh Zayed . Во 17:00ч крузерот го напушта Абу Даби (ОАЕ) и се упатува кон пристаништето на Калифа Бин Салман (Бахреин). Ужување на крузерот..
9 Ден - 19 декември 2025 - Петок - Калифа Бин Салман (Бахреин)
Пристигнување на крузерот : 11:00ч.
Поаѓање на крузерот од Бахреин : 18:00ч.
Пристигнување на крузерот во пристаништето на Калифа Бин Салман (Бахреин), во 11:00ч, полудневна екскурзија - најпознатите фотографски знаменитости на Бахреин (Екскурзијата е вклучена во цената).
Најпознатите и фотографски знаменитости на Бахреин
и знаменитости. Прва ќе биде ,Големата џамија Ал Фатех. Со својата комбинација на архитектонски стилови и огромна купола од фиберглас, нејзиниот размер е нешто што треба да се види. Следна станица, Националниот музеј на Бахреин. Изграден во 1988 година, овој постмодерен комплекс вреден 34 милиони долари, со поглед на брегот, им нуди на посетителите фасцинантен поглед на Бахреин низ вековите, благодарение на артефактите кои датираат од античките времиња на Дилмунската цивилизација. Тврдината Бахреин ќе биде нашата следна фотографска можност. Место на античка приказна (тумба создадена со вековна обнова) и поранешното Португалското воено утврдување, ова е едно од најважните историски локации на Бахреин, заштитено, како светско наследство на УНЕСКО.
Поминувајќи од античкото кон многу модерно, ќе се пробиеме до Костата на кралот Фахд, долга 25 километри – импресивна серија на мостови и насипи поврзување на Бахреин и Саудиска Арабија, неговата величественост додека се протега во далечината, преку Бахреинскиот Залив. Нашата турнеја завршува во Светскиот трговски Центар на Бахреин - втората највисока зграда во Бахреин, висок 240 метри, близнак на Светскиот трговски центар , поврзани се кули од 50 ката во форма на едро со турбини на ветер. Тоа е првата зграда во светот, која го вклучи овај дизајн, вреди да се фотографира.
Во 18:00ч. крузерот го напушта Бахреин , и се упатува кон Доха(Катар). Уживање на бродот во прекрасната храна, мјузикли...
10 Ден - 20 декември 2025 - Сабота (Доха)
Пристигнување на крузерот : 08:00ч.
Пристигнување на крузерот во пристаништето на Доха(Катар), во 08:00часот, појадок , а потоа слегување од бродот.Трансфер од пристаништето на крузерот, цел ден на располагање за прошетки по шеталиштето покрај море Корниче, време за плажа, посети, шопинг, во договор со групата. Во вечерните часови, автобуски трансфер - до аеродромот во Доха, чекирање и лет од Доха за Истанбул во 02:05ч, (03 јануари) ,пристигнување на аеродромот во Истанбул во 06:50часот, поаѓање од Истанбул со лет во 08:25 часот, и пристигнување на аеродромот во Скопје , во 07:55 часот, на 21- ви Декември 2025.
11 Ден - 21 декември 2025 - Недела (Скопје)
Чекирање и лет од Доха(Катар), за Истанбул во 02:05ч, пристигнување на аеродромот во Истанбул во 06:50часот, поаѓање од Истанбул со лет во 08:25 часот, и пристигнување на аеродромот во Скопје , во 07:55 часот, на 21- ви Декември 2025 (недела)
Термин: 11.12.2025. - 21.12.2025.
Цена - 1639eur/101,618ден
Брод крузер – CELESTYAL JOURNEY
Крузерот има капацитет од 1260 патници, 500 лица посада, 12 ката, на кои има 8 ресторани, 8 барови, 2 базени, 2 џакузи, спа, теретана, дискотека, театар, казино, тениско и кошаркарско игралиште.
Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биде доплатен најдоцна до 31 ден пред поаѓање.
ОТКАЗЕН РОК: Од 59 до 45 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 35% од вкупната цена, од 44 до 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 50% од вкупната цена, а од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од вкупната цена.
НАПОМЕНА: За ова патување пасошот мора да биде биометриски и да биде валиден уште минимум 6 месеци од денот на враќање !