ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
Ammouliani - Vila Konaki
Vila Konaki

Вила „Конаки“ е лоцирани на околу 200 метри од пристаништето и во центарот на неповторливото, автентично селце Амулијани, една наспроти друга. Двете содржат двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија. Секое од нив е со комплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. Веднаш до нив има слободен простор за паркинг, како и маркети, таверни. Предноста кај куќа „Галери“ е што има мал двор со маси, столови и скара за гостите, а куќа Конаки“ има големи тераси.

За целосни уплати до 07 декември: 15% попуст

 

Ценовник пакет аранжман 7 ноќевања со вклучен превоз

 

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

31.05.2020

7

109

49

07.06.2020

7

119

59

14.06.2020

7

155

69

21.06.2020

7

175

79

 

 Ценовник наем 9 ноќевања, сопствен превоз

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио

1/4 студио

28.06.2020

9

399

439

479

07.07.2020

9

459

489

559

16.07.2020

9

499

549

629

25.07.2020

9

499

549

629

03.08.2020

9

499

549

629

12.08.2020

9

499

549

629

21.08.2020

9

469

499

569

 

Ценовник пакет аранжман 7 и 10 ноќевања со вклучен превоз

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

30.08.2020

7

175

79

06.09.2020

7

155

69

13.09.2020

7

119

59

20.09.2020

10

109

49

 

Напомени и услови:

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.

Вонсезонските цени се дадени по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната сума

Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

За возрасни 2.170 мкд. (45 евра)

За деца до 12 години 1.550 мкд. (30 евра)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

 

Поаѓање од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Враќање од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

 

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

 

При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

 

 

Во собите дозволено е сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

 

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во агенција.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Патниците кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

 

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, организаторот ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред поаѓање, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ