ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Автобуски Програми - Планинарска тура Мокра Гора - Рафтинг на Тара
Планинарска тура Мокра Гора - Рафтинг на Тара

Планинарска тура Мокра Гора - Рафтинг на Тара
23.05-26.05.2024

 

23.05.2024 Битола-Скопје-Куманово-Приштина-Мртање (Црна Гора)
Состанок со групата во 17:30 часот во Битола, (паркинг на Спортска сала).

Поаѓање кон Скопје во 17:45 часот.

Пристигнување во Скопје 20:30 часот (Окта Пуцко Петрол, до хотел Континетал).

Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности.


24.05.2024 Ден за планинарење
Планирано пристигнување во раните утрински часови во Мртање (појдовна точка за искачување). По пристигнувањето, мал одмор и припрема и подесување на опремата во зависност од временските услови.

Поаѓање од Мртање кон врвот Велики Маглиќ – 07:00 часот. Највисока точка – 2,386 мнв Велики Маглиќ

Слегување од Вилики Маглиќ кон Трновачко Езеро и пристигнување во Превој.

Предвидено траење на планинарска акција – 12:00 часот.

Тежина на патека – Класа 2 – пешачење, лесна (патека достапна за одредена група луѓе со добра здравствена состојба и со основно планинарско знаење).

Опрема – Високи разгазени чизми, ракавици, кабаница, очила за сонце, стапчиња за планинарење.

Храна и вода – Јаткасти плодови, 2 оброци, храна богата со јаглехидрати, суво овошје, вода 2л. Пристигнување во Превор (завршување на планинарска акција) – 19;00 ч .

Патување кон Модра река (Рафтинг камп) со автобус 1 час.

Пристугнување во Модра Река (Рафтинг Камп) околу 20:00 чaсот

Сместување во рафтинг камп “Modra Rijeka” monteriver.com во избраниот тип на соби. Вечера. Ноќевање.


25.05.2024 Ден за Рафтинг на Тара
Појадок. По појадок, припрема за рафтинг на Тара во 10:00 часот (облекување на одела, добивање на инструкции од стручните водичи…). Во 11:00 часот – Поаѓање со теренски возила до Брштановице (почетната точка за рафтингот), возење околу 40 мин. Уживање во прекрасните пејсажи. Во 12:00 часот – Пристигнување во Брштановице и почеток на рафтингот. Во наредните неколку часа време за рафтинг , а во договор со стручните водичи се договараат активностите (капење, посета на водопадот, фотографирање, уживање во незаборавните предели и недопрената природа, како и 18 км феноменални брзаци на реката Тара. Во 15:00 часот – Поаѓање кон Рафтинг Камп “Modra Rijeka” и време за ручек на брегот на реката Пиве. Време за одмор или индивидуални активности. Во договорено време организирана вечера со музика. Ноќевање

26.05.2024 Македонија
Појадок. Одјавување од собите. Во договорено време поаѓање кон Македонија.
Денско и ноќно возење со попатни паузи, гранични и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


 Цена на аранжманот:  

220   во 1/6 креветна соба
230 € во 1/3 креветна соба
240 € во 1/2 креветна соба

(цената е по лице )

Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка. 

Во цената Е вклучено:

Превоз со туристички автобус

2 ноќевања во Рафтинг Камп “Modra Rijeka”

На 24.05.2024 вечера

На 25.05.2024 појадок, рафтинг на Тара со вклучен трансфер, професионална опрема, ручек, вечера со музика.

Патничко осигурување

Лиценциран меѓународен планинарски водич

Локален планинарски водич

Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe

Поаѓања од: 
Битола 17:45 ч (паркинг Спортска сала)

Прилеп 18:20 ч (бензиска пумпа Лукоил);

Скопје 20:15 ч (бензиска пумпа Пуцко Петрол , KFC – кај хотел Континентал)

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Личен трошок на патникот

Неспомнати услуги