МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Словенија, Австрија и Хрватска - 19.03. - 22.03.2026
Словенија, Австрија и Хрватска - 19.03. - 22.03.2026
Cheap flights to Ljubljana | Connections.be
ПРВ ДЕН 19.03.2026 (Четврток)
Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Љубљана околу 17 часот . Патуваме преку граничниот премин Tабановце, Србија и Хрватска, со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.
 
ВТОР ДЕН 20.03.2026 (Петок)
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Чек- ин во хотелот после 14 00 ч. Пешачка обиколка на историскиот центар на градот Љубљана, Змејскиот мост најомилениот симбол на градот, изграден во 19 век, на кој има 4 змејови кои го претставуваат симболот на Љубљана, катедралата Св. Николај – седиште на епархијата, Тромостие – познатите три пешачки моста на реката Љубљаница, Прешернов трг – главниот градски плоштад со споменик на Франц Прешерн, најголемиот словенечки поет, фрањевската црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот , робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, од овде сите заедно се упатуваме кон жичарата каде води до Љубљански Замок кој се издига високо над градот. Станува збор за средновековен замок кој е сведок на славното минато на градот, но и доказ за тоа како старото и новото можат да функционираат во совршена симбиоза (за сите што сакаат да влезат се доплаќа карта на лице место) . По разгледот, слободно време за индивидуални активности . Предлог – ноќно крстарење со брод низ реката Љубљаница. Ноќевање во Љубљана.
 
ТРЕТ ДЕН 21.03.2026 (Сабота) ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ЉУБЉАНА – КЛАГЕНФУРТ – БЛЕД – БОХИН
Задолжителна уплата од 15е депозит во канцеларија.Факултативен излет до Клагенфурт- Блед и Бохињ. Клагенфурт, главниот град на австриската држава Корушка, е шармантен град познат по својата ренесансна архитектура, живописен амбиент покрај езерото и жив културен живот. Истражување на историскиот Стар град со прекрасно реставрираните згради и иконата Змејска фонтана, се суштински искуства. Слободно време за индивидуални активности. Продолжување кон Блед. Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото . Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите кремпити. Се продолжува кон Бохин и Бохинското ледничко езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Љубљана. Слободно време во Љубљана. Ноќевање.
 
ЧЕТВРТ ДЕН 22.03.2026 (Недела)
Појадок и поаѓање кон Македонија. Попатно ја посетуваме Опатија, Хрватска. Опатија е град сместен во заливот Кварнер, богат со културни и забавни настани, модерна туристичка дестинација со најдолга традиција во хрватскиот туризам. Повеќе од 170 години е домаќин на туристи од целиот свет, а бујната вегетација и пријатната клима се главните причини за стартот на туризмот и неговиот брз развој во овој град кој уште го нарекуваат и „Бисер на Јадранот“. Разгледување на шеталиштата, плажите, старите Австроунгарски вили, посета на паркот Св. Јаков во центарот на Опатија, изграден 1845-1860 година кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба -црквата Св.Јаков кој датира од 15 век. Слободно време и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
 
Редовна цена: 229eur
Промо цена: 189eur
 

Во цената е вклучено:

Автобуски превоз
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Центарот на Љубљана
Разглед на Љубљана со локален водич

 

Во цената не е вклучено:

Факултативни излети
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Туристичка такса 3,5 евра од ноќевање по лице (плаќање во канцеларија).
Уплата на депозит од 15е во канцеларија за факултативен излет ЉУБЉАНА – КЛАГЕНФУРТ – БЛЕД – БОХИЊ
Доплата за еднокреветна соба 60 евра
Љубљански Замок – Влезницата не е вклучена во цената и се плаќа индивидуално. Цени : Возрасен: 15€ Студент /пензионер: 10.50 € Жичара : 3.30 € во еден правец или 6 € повратна. *Ако сакате и жичара и влез во замок: комбиниран билет Возрасен: 17 € Деца/пензионер 13.50 €
Останати знаменитости во Љубљана: Змејски мост, Тромостие, Прешернов плоштад, катедралата Св. Николај, фрањевска црква, Фонтаната на трите реки ➤ Без влезници (се разгледуваат однадвор или влезот е бесплатен).
Ноќно крстарење по реката Љубљаница (предлог-активност) – Не е задолжително, само по избор. Цена: околу 10–12 € по лице (30–45 минути тура).

 

Сместување:
Хотел Мексико 3*
Хотелот „Мексико“ се наоѓа во центарот на Љубљана, во новоизграден комплекс, каде што има и бар, аптека и продавница со медицинска опрема. Нуди модерно опремени, климатизирани соби и бесплатен WiFi во сите делови од хотелот.

 
Факултативни излети
ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ЉУБЉАНА - КЛАГЕНФУРТ - БЛЕД - БОХИН

Цена за пакет: 70e

Клагенфурт, главниот град на австриската држава Корушка, е шармантен град познат по својата ренесансна архитектура, живописен амбиент покрај езерото и жив културен живот. За оние кои размислуваат за работи во Клагенфурт, посетата на Минимундус, минијатурен парк со модели на познати градби од целиот свет и истражување на историскиот Стар град со прекрасно реставрираните згради и иконата Змејска фонтана, се суштински искуства. Слободно време за индивидуални активности. Продолжување кон Блед. Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото . Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите кремпити.Се продолжува кон Бохин и Бохинското ледничко езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Љубљана.

Важно
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Доплата за еднокреветна соба 60 евра
  • Уплата на депозит од 15е во канцеларија за факултативен излет  ЉУБЉАНА – КЛАГЕНФУРТ – БЛЕД – БОХИН
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.