
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 2 часа пред лет.
Полетување за Рим во 15:55 часот.
Пристигнување во Рим во 17:40 часот.
По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот можност за полудневен факултативен излет до Тиволи и посета на комплексот Villa D'Este.
Комплексот со својата палата и прекрасна градина се вбројува меѓу најпознатите ренесансни градинарски комплекси.
Црквата Сан Клементе
По враќањето во Рим следува посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.
Потоа следува разглед однадвор на една од најголемите знаменитости на Рим – Колосеумот.
Колосеумот е лоциран во близина на дворецот на Нерон – Domus Aurea и бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја.
Слободно време.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот е предвидена можност за факултативна посета на Ватикан.
Превозот е со метро, а разгледот трае приближно 2 часа.
Во рамките на посетата се предвидени:
Во Ватиканските музеи ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: античките статуи, салата со таписерии, географските мапи од XVI век, салата со канделабри и собите насликани од Рафаело.
Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати уметници.
Во периодот од 1508 до 1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет, а околу три децении подоцна го создал и прочуениот Страшен суд.
Прошетката низ Ватикан завршува на прекрасниот плоштад уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок.
По кратка пауза следува можност за организиран панорамски разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро, во времетраење од околу 3 часа.
Во рамките на разгледот се предвидени:
Слободно време за индивидуални активности.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
Слободно време за индивидуални активности – прошетки, кафе, шопинг и дополнително уживање во Рим.
Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување кон Скопје во 16:20 часот со директен лет.
Пристигнување во Скопје во 18:05 часот.
Промо цена: 399eur
Цена на аранжманот: 439eur
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Сместување и организација
Во цената не е вклучено:
факултативни излети:
РАЗГЛЕД НА РИМ СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ - 25 €
Организиран разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро.
Разгледот ги опфаќа:
ВАТИКАН + СИСТИНСКА КАПЕЛА - 70 €
Факултативна посета на Ватикан со:
Во рамките на посетата се предвидени Ватиканските музеи, Систинската капела и црквата Св. Петар.
ТИВОЛИ – VILLA D'ESTE - 70 €
Организирана посета на Тиволи со:
Посета на еден од најпознатите ренесансни комплекси во околината на Рим.
За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.