ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - СИЦИЛИЈА
Кипар

Nikozija - Gradovi Kipra - Moj Kipar - Vaš vodič #1 za Kipar

Програма за патување

1 ДЕН - 05.06.2025 СКОПЈЕ - СОЛУН - ЛАРНАКА
Состанок на групата 12 00 ч пред хотел Русија и поаѓање према аеродромот во Солун. Пасошки и царински формалности. Состанок на групата на аеродром во Солун во 17:00 ч. ( локално време) планирано полетување за Ларнака во 20:30 ч. Пристигнување во Ларнака во 23:20ч, организиран трансфер до хотелот, сместување и ноќевање.
 
2 ДЕН - 06.06.2025 ЛАРНАКА -АЈА НАПА - ЛАРНАКА
Појадок во хотел. Заминување на тиркизниот рај и најпознатиот туристички центар на Кипар . Аја Напа- со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејсажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, ќе имате можност да бидете сведоци на неверојатни погледи, идилични рибарски пристаништа, да истражите средновековни цркви, како и да го искусите познатиот жив ноќен живот, медитеранска храна, прошетка низ стариот дел на градот преполн со локални продавници и сувенири како и прошетките низ прекрасната променада покрај море придружени со добар ручек. Далеку од метежот на централната Аја Напа, ќе добиете шанса да ги посетите морските пештери Кејп Греко - неверојатна, природна знаменитост долж крајбрежјето на Аја Напа со импресивни карпести формации и погледи. Мора да се види „Мостот на љубовта“, прекрасна туристичка атракција во Аја Напа, која се смета за еден од највпечатливите природни мостови на Кипар. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода и потсеќа на плажите во Малдиви. Можност за плажа. Во договорено време со организиран трансфер се враќаме према Ларнака. Организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиште Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака, слободно време за кафе, ручек или коктел во некој од многубројните барови и ресторани кои се наоѓаат. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
 
3 ДЕН - 07.06.2025 ЛАРНАКА - НИКОЗИЈА - ЛАРНАКА
Појадок во хотел. Поаѓање према главниот град на Кипар Никозија. Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен LaikiGetonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички, Посета на Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно врем е за ручек/ посета на музеј или шопиг во мол. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот. Во договореното време поаѓање према Хотел. Слободни активности Ноќевање. Предлог посета - Соленото Езеро и набљудување на фламингоси птици.
 
4 ДЕН - 08.06.2025 ЛАРНАКА - ЛИМАСОЛ - СОЛУН
Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме према Лимасол - динамичен град кој прекрасно ја спојува модерната енергија со длабоко вкоренетата историја. Како втор по големина град на Кипар, Лимасол е познат по својата космополитска атмосфера, раздвижена марина, историски знаменитости и просперитетна културна сцена. Без разлика дали ќе го истражувате стариот дел на градот, средновековните замоци, археолошки наоѓалишта или ќе шетате покрај прекрасанта променада исполнета со палми , Лимасол е град што ветува дека ќе ве плени. Слободно време. По договореното време поаѓање према аеродром. Полетување од Ларнака во 13 50 ч . Пристигнување во Солун во16 00 ч . Трансфер од Солун до Скопје. Царински формалности и попатни паузи.
 
Дополнителни информации
 
МИНИ ОДМОР НА КИПАР - БИСЕРОТ НА СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ
230 еур СЕ ВКЛУЧЕНО БЕЗ ДОПЛАТИ!!!
 4дена /3ноќевања
 

Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја  бил населен и освојуван од  Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци  и Крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна дестинација.
Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта, Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини, секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Автобуски трансфер  Скопје – Солун – Скопје

       Директен лет на релација Солун –Ларнака Солун

  • Аеродромски такси

       Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )

       Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака

       Сместување во 3* хотел на база 3 ноќевања со појадок  во хотел во Ларнака

       Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

       Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака  со водич и трансфер .

       Факултативна целодневна посета на Никозија ,со  водич и трансфер.

  • Факултативна посета на Лимасол  со водич и трансфер

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )

  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)

 Доколку самите си организирате трансфер до Солун се одбиваат 10 еур од цената.

За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се проследува со минимум уплата од 30% како и копија од валидна патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање;
  • Целосна доплата до 15 дена пред почеток на аранажманот;
  • Цените на аранжманот се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум од 25 пријавени лица;
  • За ова патување потребно е да поседувате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во Македонија;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или хотелското сместување;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот, најдоцна 5 дена пред  датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.