СИЦИЛИЈА и МАЛТА
Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања
09.10 (Четврток) СКОПЈЕ – СОФИЈА - КАТАНИЈА
Состанок на групата во Скопје во 08.00 часот. Трансфер до аеродромот во Софија. Полетување за Катанија во 15.00 и пристигнување во 16.00 часот (локално време). Трансфер до хотелот и сместување.
Катанија е вториот по големина град на истокот на Сицилија, познат по својата уникатна архитектура изградена од вулкански камен и привлекува посетители со своите ,,живи” плоштади и автентична сицилијанска атмосфера. Пешачка прошетка со водич: Главниот Плоштад, Фонтаната на слонови од 18 век која според легендата има моќ да го смири вулканот Етна, Катедралата од бел мермер посветена на Св. Агата - заштитничката на градот, дворецот Урсино, Универзитетот... Прошетка по улицата Виа Етнеа, каде во 1669 година Етна еруптирала, испуштајќи вжештена лава. Слободно време за вечера во некој од локалните ресторани со чаша италијанско вино. Ноќевање.
10.10 (Петок) ПАЛЕРМО
Појадок. Факултативно, посета на Палермо. Главен град на Сицилија - мултикултурен град кој живее дење и ноќе, има прекрасна архитектура, разновиден културен живот, традиционална сицилијанска кујна и одлична забава. Градот е познат и како поранешno седиште на сицилијанска мафија. Разглед во придружба на локален водич: Новата порта, Плоштадот Кватро Канти, Фонтаната на срамот, Театарот Масимо… Слободно време за индивидуални активности. Не пропуштајте да пробате италијански колачи Каноли, кои потекнуваат од Сицилија и се дел од нејзината традиционална кујна. Ноќевање.
11.10 (Сабота) ЕТНА И ТАОРМИНА
Појадок. факултативен излет до вулканот Етна и градот Таормина.
Вулканот Етна (3.340 m) - најголемиот и единствен жив вулкан во Европа со околу 400 изгаснати и неколку активни кратери. Патуваме по црните патеки, некогаш прекриени со вжештена лава, пристигнување на надморска височина од 1.900 метри и слободно време за индивидуална прошетка околу постарите, изумрени кратери или можност за индивидуално патување со жичница (доплата на лице место) на надморска височина од околу 3.000 метри до кратерот кој последен пат бил активен во 2001 година (забелешка: патувањето до вулканот Етна зависи од временските услови).
Таормина е модерен град и еден од најубавите места на Сицилија, а се наоѓа на ридот Монте Тауро. Прошетка по главната улица, Грчкиот амфитеатар од 3 век п.н.е. кој е еден од најдобро зачуваните амфитеатри од Античката ера, Палатата Ди Стефано, црквата Св. Катерина, Градска општина... Ноќевање.
12.10 (Недела) СИРАКУЗА И НОТО - МАЛТА
Појадок. Напуштање на хотел. Излет до Сиракуза и Ното.
Сиракуза е град богат со историја и култура што датира од периодот на Античка Грција, некогаш по улиците на овој град шетал познатиот математичар Архимед, кој исто така е роден овде. Посета на островот Ортиџа - прошетка низ живописните улици до катедралата, која претставува уникатен пример за архитектура, комбинација од грчкиот храм на божицата Атина и барокна црква. Историското јадро на овој град е на листата на наследство на УНЕСКО. Уживајте во прошетката на градот, кој Цицерон го опишал како ,,најголемиот и најубавиот грчки град “.
Малото гратче Ното, скриен скапоцен камен на Сицилија, кој исто така е на листата на светско наследство на УНЕСКО, со тесни камени улици и прекрасна барокна архитектура во боја на песок. Прошетка низ историскиот центар, со раскошните фасади на црквите и палатите, централната улица на Виторио Емануел, Градска Порта Реале, црквата Света Кјара, Катедрала Свети Никола, Палатата Николачи... Вечерта, поаѓање кон Малта со траект. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
13.10 (Понеделник) МДИНА - BLUE GROTTO - ВАЛЕТА
Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина!
Посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен - Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура, разглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата... Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо), најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите, најсветли кобалтно-сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бротче низ Blue Grottо. Разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до Централниот Плоштад на Републиката со посета на важни културно-историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините ,,Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Предвидено е посета на богато украсената Катедрала и Музеј на Св.Јован - Дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. Ноќевање.
14.10 (Вторник) ГОЗО
Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо, вториот најгoлем остров во Малтешкиот архипелаг каде историјата, природата и културата се здружуваат да создадат навистина магично искуство. Гозо во грчката митологија е наречен Островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. По пристигнувањето во Гозо, првата станица е волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо, посета на Пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), - главниот град, посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости...Посета на заливот Dwejra Bay кој се смета за еден од најнеобичните атракции на Гозо омилена кај туристи и со добра причина! Накратко може да се каже дека станува збор за Музеј на отворено. Посета на шармантното село Фонтана, слободно време за опуштен ручек во заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка кујна. Враќање во хотел. Вечерта, можност за прошетка во Слима - познат Центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура. Ноќевање.
15.10 (Среда) МАЛТА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за посета на ,,Popeye Village”, плажа, базен во самиот хотел, прошетка во Сент Џулијан... Организиран трансфер до аеродромот во Малта. Полетување во 23:10 и пристигнување во 00:50 часот по полноќ.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 929 евра (57.600 денари)
Рана уплата до 21.02: 859 евра (53.240 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Автобуски трансфер на релација Скопје-Софија
-Авионски превоз на релација Софија-Катанија / Малта-Скопје
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Трансфери според програмата
-Сместување во Хотел Sofia 3* во строгиот центар на Катанија на база 3 ноќевања со појадок
-Сместување во Хотел Alexandra 3* во Сент Џулијан во Maлта на база 3 ноќевања со појадок
-Разглед на Катанија со водич / разглед на Сиракуза и Ното со локален водич
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Туристичка такса се плаќа во хотелите на рецепција
-Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
-Факултативен излет Етна ( до 1900 метри) и Таормина 70 евра (трансфер, водич)
-Факултативен излет Палермо 80 евра (трансфер, локален водич)
-Факултативен излет Мдина, Blue Grotto, Валета 50 евра ( трансфер, локален водич)
-Факултативен излет Гозо 65 евра (трансфери, локален водич)
ПАКЕТ 4 ИЗЛЕТИ 250 евра
-Влезници за локалитетите и карти за јавен превоз
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба 18.000 ден.
Напомени:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.