ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Athos - Vila Takis & Maria - Jerisos
Vila Takis & Maria - Jerisos

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Во местото има супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата “Такис и Марија“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 50 метри од море.Пред влезот на вилата има мало паркче со играчки за најмалите. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.

 

Ценовник

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 05.09; 12.09 и 19.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ 

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

 

 TAKIS I MARIA ЈЕРИСОС
ТЕРМИН НАЕМ Студио 1/3 +1 бебе бр. 3 Апп 1/2+1/3 бр. 1 и бр. 2
16.05.2025* 7 ноќи 99 99
23.05.2025* 7 ноќи 119 119
30.05.2025* 7 ноќи 129 139
06.06.2025* 7 ноќи 149 159
13.06.2025* 7 ноќи 379 399
20.06.2025 7 ноќи 399 429
27.06.2025 7 ноќи 429 459
04.07.2025 7 ноќи 469 509
11.07.2025 7 ноќи 499 539
18.07.2025 7 ноќи 499 539
25.07.2025 7 ноќи 509 559
01.08.2025 7 ноќи 509 559
08.08.2025 7 ноќи 509 559
15.08.2025 7 ноќи 499 539
22.08.2025 7 ноќи 489 519
29.08.2025 7 ноќи 439 469
05.09.2025* 7 ноќи 159 169
12.09.2025* 7 ноќи 149 159
19.09.2025* 7 ноќи 109 119

ЦЕНИТЕ СЕ СО ПОПУСТ И ВАЖАТ СО УПЛАТА НА 30% ОД ВКУПНИОТ ИЗНОС НА АРАНЖМАНОТ И ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

  • -За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
    -трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
    доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
    – дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
    – за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

 

  • ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
    20 € за прв ред на седиште;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

 

ОПИС НА СОБИТЕ

ИМААТ КРПИ  ;
ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

 

Напомени

 Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и  АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

 

Места на поаѓање:

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:3часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:0часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:0часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро