22.05.2025. Поаѓање во 21.00 часот од Нова Пошта-Штип, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.
23.05.2025. Пристигнување во Будва. Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера, стариот дел од градот, можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва (индивидуално). Смесување во хотел. Слободно време и уживање во концертот на популарниот Саша Ковачевич по повод отворање на туристичката сезона 2025. Ноќевање.
24.05.2025. Заминување за факултативно излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел од Дубровник, можност за уживање во убавините на Дубровник,слободно време. Вракање кон Будва. Вечерта слободно уживање во концертот на популарниот Дино Мерлин по повод отворање на туристичката сезона 2025. Ноќевање.
25.05.2025. Напуштање на хотелот. Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, прошетка низ стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици, катердалата Св.Трифун, познатите цркви Св. Лука, Св. Ана, црквата на Пресвета Богородица, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Македонија. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.
23.05-25.05.2025
Цена: 99 €- 6.140 мкд.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-автобуски превоз на дадената релација
-сместување на база 2 ноќевања во близина на центарот на Будва
-организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-здравствено патничко осигурување
-туристичка такса хотелска(задолжително)-2,50 евра од ден=5 евра
-целодневен излет до Дубровник -30 €
-излет и посета на Котор-10 €
-влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 17.05.2025 година.
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.
Важноста на патната исправа е лична обврска.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ