Појадок во хотел. Одјавување од собите , по одјавувањето од собите следува организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиште Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. Предлог за ручек во една од традиционалните таверни во Ларнака со поглед кон море и дегустација на традиционално сирење Халуми и Клефтико.
Промо цена: 349 eur
Редовна цена: 379 eur
Во цената е вклучено:
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Ларнака
- Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
- Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- посета на Аја Напа и Ларнака
- целодневна посета на Никозија
Во цената не е вклучено:
- Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm) – (информации во агенција )
- Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
- За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
- Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)
Важно
- За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
- За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
- Деца 3-11.99г плаќаат 299евра