ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - ШПАНИЈА
Автобуски програми - ТИРОЛСКА ТУРА И СВЕТОТ НА SWAROVSKI (Тренто -Мерано- Болцано- Инсбурк- SWAROVSKI)
ТИРОЛСКА ТУРА И СВЕТОТ НА SWAROVSKI (Тренто -Мерано- Болцано- Инсбурк- SWAROVSKI)

Private tour to Innsbruck and the Swarovski Crystal Worlds

Со бонус посета на Роверето!

 (05.03.2025 – 10.03.2025)

 

 

Алпската област Тирол е поделена меѓу две земји: Австрија и Италија... И двата дела наликуваат еден на друг: преубави барокни градови, автентична архитектура измешана со природните убавини на Алпите кои над тиролските долини се издигнуваат кон небото... Малите италијански градови Тренто, Мерано и Болцано со својата убавина го одзимаат здивот, додека Инсбрук, главниот град на Тирол во Австрија е познат по својот преубав историски центар над кој доминираат волшебните алпски масиви... Ако овие убавини се дополнат со импресивниот свет на Swarovski кристалите, впечатоците од патувањето ќе бидат неверојатни!

 

 

Прв ден: 05.03.202(среда)

 12:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 13:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон  Италија со туристички автобус. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.

 Втор ден: 06.03.2025 (четврток)

 Пристигнување околу пладне во Тренто, градот сместен во јужниот дел на Трентино, област во Италија каде се испреплетуваат стилови од австриската готика и италијанската ренесанса, алпскиот бисер за кој во минатото војувал дури и Наполеон Бонапарта. Денес градот кој лежи на левата страна на реката Адиџе е престолнина на целата област, препознатлив по симболите кои ни времето ни луѓето кои се менувале не успеале да ги уништат. Сместување на групата во хотелот „Everest“ 3* (https://www.hoteleverest.it/) кој се наоѓа во централното градско подрачје, на само неколку минути од еден од најубавите  плоштади во Италија „Duomo“. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови индивидуални прошетки низ улиците на градот кој ќе Ве врати во сосема друга епоха. За него велат дека наликува на стара дама која се мажела два пати... Од првиот маж, Австриецот ги прифатила прецизноста и дисциплината, а од вториот маж, Италијанецот ја превзела страста кон модата и чувството за пријателство. Топло добредојде ќе Ви посака прочуената фонтана Нептун, неизбежниот симбол на сите разгледници која го добила името по истоименото римско божество, а на неколку чекори од неа се куќите на познатите италијански фамилии Balduini I Cazuffi украсени со преубави фрески. Тука е и прочуената кула која гордо „лета“ во небото, градската катедрала „San Vigilio“ која го добила името по заштитникот на градот, цркви и манастири градени во ренесансен и римски стил.  Враќање во хотелот. Ноќевање.

 Трет ден07.03.2025 (петок)

 Појадок. Заминување на целодневен излет кон градовите Мерано и Болцано. Во непосредна близина на границата со Австрија се наоѓа Мерано, најубавата и најпозната термална бања на „сончевата страна на Алпите“ и една од најпознатите бањи во светот во чија околина има 52 дворци од кои повеќето се преадаптирани во хотели, а во срцето на градот има 25 надворешни и внатрешни базени. Благодарение на Австро-унгарската царица Елизабета позната како Сиси, овој град прераснал во елегантно и луксузно место уште во 19. Век... Средновековен шарм и елеганција, готска катедрала, ботанички градини, бројни улици со аркади и дворци се само некои од атракциите во градот за кој дури и писателот Франц Кафка запишал дека е еден од најубавите краеви на северот од Италија кој некогаш го видел. Во самиот центар на градот во 15. Век Австрискиот војвода Zigmund го изградил замокот  Principesco кој до денес го отсликува животот во средниот век. Слободно време за индивидуални прошетки, а потоа заминуваме кон Болцано,  шармантен град кој се наоѓа на листата на најдобри места за живеење во Италија, еден од најголемите градови во Алпите. Тука, на едно место ќе го видиме спојот на австриската и италијанската култура, но и неверојатниот контраст на модерното и традиционалното. Прошетка низ главниот градски Валтеров плоштад и низ улиците на кои доминираат пастелно обоени фасади на зградите. Слободно време за уживање во главната трговска зона на градот со интересни продавници сместени на стаклените кровови ... Во доцните попладневни часови враќање во  хотелот во Тренто. Ноќевање.

 Четврти ден08.03.2025 (сабота)

 Појадок. Заминување на целодневен излет во Австрија. Разглед на Инсбрук, градот во кој се сретнуваат минатото и иднината, градот на алпските зимски спортови, градот кој можете да го запознаете дури кога ќе зачекорите во него. Најголемата негова атракција е зградата со златен кров чиј балкон е покриен со позлатени бакарни плочки. Постои приказна дека е изградена во 1500 година во чест на царот Максимилијан кој се женел два пати, а на овој балкон е отсликан неговиот живот со двете жени. Царот уживал од овој балкон да ги гледа турнирите кои се одржувале на плоштадот. Освен останатите атракции, посебно место зазема скокалницата Bergisel која моќно доминира од планината над градот. По разгледот слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминуваме кон градот Ватенс за да влеземе во импресивниот свет на кристалите Swarovski кој се крие под водопадот кој е во облик на човечка глава од чија уста тече вода. Музејот е отворен во 1995 година по повод 100 годишнината од почетокот со работа на фабриката основана од  Daniel Swarovski кој за прв пат вовел електричен режач во обработката на кристалите кои до денес имаат уникатен рез и специфичен изглед. За таа пригода мултимедијалниот уметник André Heller го дизајнирал единственото место од соништата кое досега го виделе над дванаесет милиони посетители од целиот свет. Поставката на музејот е составена од дела кои се уметнички инсталации на најголемите светски уметници Pablo Picasso, Marc Chagall, Salvador Dali… Импресивниот свет на кристалите е всушност игра на светлост од самите кристали, бројни уметнички  скулптури кои ги красат околните градини, како и холограмски проекции пропратени со амбиенталната музика на концептуалниот уметник Brian Eno. Во 2015 година блескавите простории се преобликувани и создадена е најголемата кристална купола на светот која е направена од 595 парчиња преубави кристални огледала... Во блескавиот амбиент Ве очекува целокупниот асортиман производи-накит и модни додатоци кои можете да ги купите по фабрички цени. Во доцните попладневни часови враќање назад во хотелот во Тренто. Ноќевање.

 Петти ден09.03.2025 (недела)

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Попатна бонус посета на средновековниот град Роверето, градот тврдина кој бил на границата помеѓу областа Тренто која бил независна држава се до 1797 година и Републиката Венеција, а подоцна и помеѓу австрискиот Тирол и Италија. Задоволство е да се прошета низ центарот на градот кој сеуште задржува делови кои датираат од 19. Век, како и да се влезе во Црквата Свети Марко од 15.Век на чија фасада се наоѓа камена скулптура на венецијанскиот крилат лав. Однадвор црквата изгледа сосема едноставно, но нејзината внатрешност е обложена со раскошни фрески. Во оваа црква на 26. декември 1769 година, пред цели 250 години композиторот Волфганг Амадеус Моцарт го одржал својот прв јавен концерт во Италија. Кратко задржување во Роверето, градот кој во минатото бил важен центар за производство на свилени ткаенини, а денес главните бизниси во градот се виното, чоколадото и кафето. Заминуваме кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во понеделник, на 10. Март во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........389 евра (24.120 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотел „Everest“ 3***  во Тренто

- Организирана посета на Мерано, Болцано, Инсбрук и Роверето

- Влезница за Музејот на Swarovski во Ватенс

- Туристички водич за време на сите разгледи

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги: 

- Туристичка такса во Тренто – 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Доплата за еднокреветна соба – 90 евра ( за трите ноќевања)

- Патничко осигурување

 

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Последен рок за пријавување: 01. Февруари 2025 година